05 Мај, 2024
0.0985

СОВЕТИ: Неколку начини како да го намалите ризикот од РАК

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Здравствените експерти во Аврсталија започнаа нов проект за борба со ракот, и излегоа со серија практични совети за намалување на ризикот од рак.

Еве што препорачуваат:

-Стоп за пушењето.

Оваа навика е многу штетна за вашиот организам и го зголемува ризикот од рак. Зголемениот катран = во белите дробови и промена на ДНК, предизвикува 15.558 смртни случаи од рак во Австралија годишно.

- Избегнувајте сонцето.

Меланомот , кој доаѓа со прекумерно изложување на штетните УВ зраци убива 7.220 луѓе годишно во Австралија - околу половина од оние што ги убива пушењето.

-Намалете го месото

Помалата конзумација на месо го намалува ризикот на рак. Освен тоа, добро е да јадете храна богата со влакна. Вештачко-преработената храна го зголемува ризикот на рак на дебелото црево.

- Здрава исхрана Две порции на овошје и три порции зеленчук дневно се дадени како магичната бројка за добра исхрана. Научниците посочуваат дека здравата исхрана е клучна во борбата со ракот.

- Намалете ја тежината

Дебелината и прекумерна тежина, се поврзани со лошата исхрана и недостатокот на вежбање. Прекумерната тежина предизвикува 3.917 смртни случаи од рак во светот во една година.

- Инфекции кои предизвикуваат рак

Некои инфекции иако се лечат лесно, доколку не се забележат можат да предизвикаат рак. Од овие инфекции се предизвикани 3 421 смртен случај во светот годишно. Инфекции, како хуман папилома вирусот - кој може да предизвика рак на грлото на матката кај жените - и хепатитис - може да се спречи со вакцинација и имаат редовни прегледи.

- Намалете го алкохолот

Големото ниво на алкохол во крвта предизвикува рак на црн дроб, рак на дебело црево, рак на дојка и уста. Само од прекумерена конзумација на алкохол се предизвикани 3 208 смртни случаи во светот во една година.

- Апчиња за контрацепција

Пилулите за котрацепција предизвикуваат околу 105 случаи на рак на дојка и 52 случаи на рак на грлото на матката.

- Вежбајте

Ако предолго седите и немате физичка активност, директно ги намалувате вашите имунолошки функции и го слабеете организмот. Таквиот имунолошки систем не може да се одбране од болест како ракот.