18 Мај, 2024
0.0370

Советот на јавни обвинители реагира за изјавата на Ленче Ристоска, изнела ставови без конкретни докази

Објавено во: Македонија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Од Советот на јавни обвинители се лутат за изјавата која ја даде обвинителката Ленче Ристоска. Советот иницираше постапка до етичкиот совет за изјавата на oбвинителката Ристоска.

Таа на научна конференција изјави дека членови на Советот на јавни обвинители тргуваат со влијание. На денешната седница тие расправале за изјавата и донеле ваква одлука поради прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс.

„Советот на јавни обвинители не врши казнување, бидејќи советот нема во надлежност ниту водење на дисциплински постапки, ниту постапка за прекршување на етичкиот кодекс“, вели претседателот Антонио Јолевски.

Додава дека само ја проверуваат тежината на изјавата, затоа што се споменува Советот и се изнесуваат ставови без конкретни докази.

Ристоска кажа дека Советот на јавни обвинители од формирањето во 2008 досега потфрлил во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

„Јасно е дека Советот на јавни обвинители  е извор на тргување со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал“, рече обвинителката.

Со години граѓаните имаат ниска доверба во судскиот систем. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање