03 Мај, 2024
0.0248

Современи електронски звуци од странски и домашни изведувачи на Telekom Electronic Beats Picnic

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Telekom Electronic Beats Picnic - големата журка под отворено небо, што ќе се случи во градскиот парк на 21 септември, нуди целодневна забава со модерни електронски звуци од странски и голем број домашни изведувачи во комбинација со изложби на ликовни артисти и дизајнери.

Сетот на францускиот диџејЛудовик Лорка (попознат по сценските имиња Llorca и Art of Tones) почнува на зајдисонце, во 18:00 часот. Тој е еден од носителите на современиот таканаречен„nu jazz“ звук, кој претставува комбинација на електронска музика со игриви и динамични џез, фанк и соул семплови. Во изминатите 20 години Llorca си играше со звуците, креираше уникатни парчиња музика и спојуваше различни жанрови, а од 2005 почна да издава музика под псевдонимот Art of Tones, за кој тој самиот вели дека треба да ја прикажува „посветлата страна од музиката“.


За вечерта, во 22:00 часот, е закажан сетот на американскиот диџеј Edward McKeithen, попознат кај нашата публика како Jus Ed, кој ќе нѐ воведе во неделата, односно последниот ден од летото. Неговата кариера се протега низ цели четири децении и во светот на електронската музика Jus Ed е име познато како „чувар на андерграундот“, поради неговото настојување да поддржува нови, непознати артисти кои се исфрлени од музичката индустрија. Како едно од најважните имиња во светот на хаус и електронската музика, гостувањето на Jus Ed пред скопската публика ќе биде проследено со големо внимание, посебно поради фактот што тој за првпат доаѓа во Македонија.

Секако, настанот не може да помине без диџеите од домашната електронска сцена. На сценатаво Градскиот парк ќе настапат Алек Солтиров, Андреј Мицајков, Еми Ермилова, Бодан Јамакоски, Виктор Апостолски, Зоки Бејбе, Mileskaya, Mosaik Kollektif, Роботек, Скопски Грув DJs и Чваре. Некои од имињата се добро познати кај публиката, а некои од нив се нови, интересни диџеи чие време допрва доаѓа. Telekom Electronic Beats постојано застанува во поддршка на локалните артисти со цел да го сврти вниманието кон нив и да ја поттикне и прошири домашната електронска музичка сцена.

Сите оние кои не можат да присуствуваат на настанот ќе имаат можност да проследат неколку од музичките сетови преку стрим во живо на Facebook страната на Telekom Electronic Beats, што е уште еден доказ дека светот станува подобро место кога технологијата работи во корист на сите, односно кога ја употребуваме за нешто добро.


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија