18 Мај, 2024
0.5091

Спасевска, проректор за настава на УКИМ: Дигитална трансформација на високото образование во чекор со дигиталните побарувања на компаниите

Објавено во: Македонија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

„Дали ние како држава сме подготвени во овој момент да пружиме студиски програми кои ќе бидат дигитализирани и имаме млади кадри кои ќе бидат квалификувани со базични вештини во чекор со дигиталната трансформација и барањата на компаниите. Со брзата дигитализација на општеството, многу е веројатно дека за неколку години нашите компании ќе бидат целосно дигитализирани, а ние како образовни институции ќе треба да ги подготвиме младите студенти кои дипломираат за пазарот на трудот и понатамошното градење на професионална кариера, во чекор со оваа дигитална трансформација”, истакнува проректорката за настава на УКИМ и професор на ФЕИТ, Христина Спасевска во своето обраќање на панелот „Заинтересирани страни наспроти носители на одлуки“ на DigiU Форум, којшто се одржува денеска во организација на Форумот за образовни промени.

Во процесот на дигиталната трансформација, фокусот мора да биде, пред сѐ на дигитализација на образованието, за што министерот за информатичко општество и администрација Алиу, заменик министерот за образование Нухиу и ректорите на универзитетите во Штип и Тетово како панелисти, се согласија дека е долг но потребен за нашата земја. Поедноставување на комуникацијата помеѓу студентите и професорите и студентите и административните служби на универзитетите, како и достапност до светска литература и предавачи кои благодарение на дигитализацијата ќе бидат достапни за студентите и професорите.

„Најважно е нашите универзитети своите програми да ги подготват за реално вклучување на студентите во дигиталниот процес. Има уште многу работа на УКИМ во овој процес, за што од особено значење ќе биде поддршката на министерството за образование и наука и министерството за информатичко општество и администрација. Потребни се голем број софтверски алатки кои се лиценцирани и треба допрва да се развијат. УКИМ има капацитет и подготвеност да ја забрза оваа дигитална трансформација, ќе подготвиме квалитетни проекти кои ќе бидат финансиски издржани со акциски план за целосна дигитализација на нашите студиски програми и е-индекс системот. Со овие проекти ќе бараме средства од МОН, но и од меѓународните финансиски програми”, дополнува Спасевска.

Форумот DigiU е иницијатива која започна во јануари 2023 година, како процес на креирање фронт помеѓу државните универзитети и студентските собранија, а со цел препознавање на потенцијалите за дигитална трансформација на високото образование во земјата и воедно забрзување на овој процес. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање