26 Април, 2024
0.0284

Спасовски: Бегството на Грујовски и Бошковски не е неуспех на македонската полиција, туку на трулото судство

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Министерот вели дека одговорноста за бегањето на поранешниот директор на петтата управа и на неговиот соработник треба да се бара кај судиите.

„За ова треба да се понесе одговорност бидејќи беше оставено време овие луѓе да заминат, без разлика дали некаде се кријат во државата или надвор од неа. Ова треба да биде силна порака и многу голема поука за реформите што претстојат во правосудниот систем на Република Македонија“ – изјави Спасовски.

Тој рече дека е време да се побара одговорност од лицата што овозможуваат криминалците да се шетаат на слобода и да се одредуваат мерки што не можат да бидат ефектуирани во одреден временски период.

За лицата кои се во бегство, Спасовски рече дека кога ќе имаат нови информации ќе ја информираат јавноста. Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Tимовите на МВР извршија проверка на објектите на адресите кои се пријавени како места на живеење на осомничените и проверки на повеќе локации на територијата на Република Македонија, поточно во Скопје, Велес и Охрид, но лицата не беа најдени. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот