Спасовски ќе бара меѓународна истрага за случајот „Диво насеље“
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2017
Иако контроверзниот случај со крвавите настани од кумановската Дива населба кои во смрт однесоа осуммина припадници на безбедносните сили полека добива судска разврска, министерот Оливер Спасовски посочи дека сепак ќе бара меѓународна истрага.
Владата ќе преземе обврска да спроведе дополнителна меѓународна истрага со цел јавноста да ја дознае вистината, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски кој истакна дека е запознат со тоа кој учествувал и бил наградуван или не учествувал, но напомена дека станува збор за класифицирана информација.
Имиња на високи политички функционери беа често пати споменувани на рочиштата кога им се судеше на обвинетите .