26 Април, 2024
0.0294

Спасовски тврди имаат милион сомневања, Тодоров вели не го организирале упадот

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 обвини дека од ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот во Собранието на 27 април. 

Тој вели дека за тоа што 3.5 часа внатре насилниците маваат со секакви предмети,  мора да има одговорност. 

„Милион сомневања има кои нас нè тиштат како луѓе. Можеби не го направило тоа ВМРО-ДПМНЕ, може е само структура од ВМРО-ДПМНЕ, но одговорност мора да има“ - категоричен е Спасовски. 

Пратеникот Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема логика тоа да го организирала неговата партија или лидерот, Никола Груевски. 

Тој вели дека се пеело албанска химна, се кршел Деловникот при избор на спикер и по тоа се случи нападот.  Смета дека тоа довело до влошување на состојбата и зголемување на револтот кај граѓаните. Тодоров вели дека едно зло носи друго зло. 

„Ниту сум знаел што ќе се случи, ниту имало што да се знае. Ова е катастрофално немил настан“ - рече Тодоров. 

Тородов прашува зошто изборот на спикерот Талат Џафери се случи во 18 часот, а не порано, а на ова Спасовски кажа дека не е важен терминот, туку е важно Собранието да биде заштитено. 

За пеењето албанска химна Спасовски рече дека претседателот Трајко Велјановски требаше да го исклучи пратеникот од БЕСА кој пееше химна на туѓа држава. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот