04 Мај, 2024
0.0484

СПАСОВСКИ: ВЛАДАТА НЕ МОЖЕ ДА ПОСЕГНЕ ПО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ - тоа се пари на осигурениците лично

Објавено во: Финансии 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата не може да посегне по вториот пензиски столб. Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично.

Вака премиерот Оливер Спасовски одговара на предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде сметаат дека средствата кои што се уплаќаат во Фондот за вториот задолжителен приватен пензиски столб, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб.

Спасовски на фејсбук напиша дека не може да разбере како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го дава овој предлог.

„Јас не можам да разберам како може лидер на опозиција или опозицијата да посегне по лични финансиски средства.

Тоа е исто како сега да кажете сите коишто имаат штедни влогови во банките, државата може да донесе одлука и да рече да им ги земаме штедните влогови“, напиша на фејсбук премиерот Спасовски.

А во интервју за Фактор, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја предложи оваа мерка, како еден од чекорите за надминување на економската криза предизвикана од коронавирусот.

Втората мерка што ја предлагаме  веднаш средствата кои што се уплаќаат во Фондот за вториот задолжителен приватен пензиски столб, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб. Зошто? Тоа го прават држави во криза, тоа го прават Балтичките земји Летонија, Литванија, Естонија, тоа го направија две централни европски земји како што се Полска и Унгарија. Во Словенија на пример вие немате втор задолжителен приватен столб денеска, имате државен задолжителен и потоа се приватни доброволни, кој колку сака. Оваа година вториот столб е предвидено да акумулира околу 10 милијарди денари, во првите два месеца јануари и февруари се исплатени 1, 46 милијарди, доволно да речеме еве нивното портфолио, нивниот капитал се зголемил. Остатокот 8 ипол милијарди пренесете го во Буџетот, привремено, нема да им ги земеме за трајно. Кога ќе дојдат подобри времиња ќе им се вратат назад. Но, сега нека влезат во првиот задолжителен пензиски фонд. Тоа е прво“, објасни Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата