Добивај вести на Viber
Американскиот воен специјалец и припадник на елитната единица „Морнарички фоки“ Роберт О`Нил за кој се верува дека со два куршума во глава го застрелал и убил Осама Бин Ладен, сега се противи на идејата на Трамп да се организира воена парада во Вашинтон наводно по пример на таа во Франција за Денот на Бастиља кога започнала француската граѓанска револуција.
Според О`нил станува збор за воена парада која ја организираат земји од третиот свет и дека е голема и непотребна глупост на американскиот претседател Трамп. Вакви паради се организираа во комунистичките земји пред се со цел да се прикаже воената моќ со парадирање на најновото навооружување.
Идејата на Трамп е критикувана како од Демократите, така и од неговите сопартијци Републиканци кои сметаат дека со вакви приватни забави за претседателот да присвојува политички поени најмногу губи Америка која не треба да ја споредуваат со земји како Кина или Русија кои имаат слични паради.
О`Нил се соочи со критики затоа што јавно се пофалил дека го убил Бин Ладен и дека за тајни воени операции не се разговара.