30 Април, 2024
0.0309

Спојувања и аквизиции, мотор на капитализмот

Објавено во: Анализа 05 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Компаниите секој година купуваат други компании или се спојуваат едни со други. Тоа е суштината на системот кој во моментот е главен во светот. Претприемачите создаваат компании и потоа ги продаваат на други големи компании, така креираат богатство за себеси и имаат капитал да влезат во нови потфати. Од друга страна компаниите со цел да станат уште поголеми се спојуваат едни со други. Горниот график ви покажува колкав бил бројот на спојувања и превземања во светот во првото полугодие. Како што гледате оваа прва половина од 2013 година значително е намалена активнста на ова поле. Таа е дури најмала во изминативе пет години. Во време кога компаниите кратат трошоци и седат на кеш, нивната одлука како и на многу други е да се почека како целава економска заврзлама ќе се расплетка. Тогаш ќе биде време за поактивно купување. Од друга страна позитивно е дека тоа што се продава се продава по повисока цена. Иако по број намалени, спојувањата и аквизициите ја надминаа за малку минатогодишната бројка и за 2013 изнесувале 1,25 трилиони долари. Толку пари се потрошени на активности од таков тип. И за крај уште еден доказ дека САД е центарот на овие активности во светот. Прегледајте го графикот кој го покажува бројот на аквизиции и спојувања само во САД: Заклучок: Една четвртина од превземањата и спојувањата в светот се случуваат во САД. Ништо чудно со оглед на тоа дека оваа земја произведува 20% од светскиот БДП, Редакција Фактор