18 Мај, 2024
0.0529

СПОМЕН ПЛОЧА ЗА БРАНИТЕЛИТЕ - До кога ќе опстојат новите плочи поставени во чест на загубените животи?

Објавено во: Македонија 28 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Повторно е поставена спомен плоча во чест на загинатите бранители на земајва во масакрот кај Вејце, како и спомен обележје. 
Спомен плочата е поставена од политичката партија „Левица“, од каде посочуваат дека со неа и со положување цвеќе „им оддале почит на бранителите кои беа убиени од страна на терористичките формации на ОНА“. 

Советниците на Левица ширум Македонија деновиве поднесоа иницијативи за остварување на правата на бранителите, кои во 2001 година храбро се бореа за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.

Масакрот во Вејце е едно од најбруталните и најгромозорните воени злодела, за кои сведочи поновата историја. На 19 јули 2011 година, со автентичното толкување на Законот за амнестија, сторителите беа амнестирани од страна на Собранието на Македонија, со гласење на пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а под силен притисок од странскиот фактор. Правдата за семејствата на загинатите македонски херои никогаш не пристигна.

Хероите: Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, кои животот го положија за својата татковина, вечно ќе живеат во колективната меморија на македонскиот народ - пишува во објавата на „Левица“.


На денешен дек во 2021 година во тетовското село Вејце беа убиени осум припадници на безбедносните сили.
И покрај тоа што поминаа 22-години од масакрот кај тетовско Вејце, обележје за загубата на осумината бранители на земјата во текот на годината нема. 
И овој пат, бранителите кај шарпланинската месност Бреза, сами си поставија скромно спомен-обележје, во чест на четворицата водници од специјалната единица „Волци“ и четворица припадници на полицијата, кои патролирајќи беа нападнати, мачени и убиени, а нивните тела беа ѕверски масакрирани од припадници на „Ослободителната народна армија“ (ОНА/УЧК).
- Ваков злостор не е забележамн никаде на друго место освен овде на Шара, овде каде и до ден денес после 22 години нема никаков знак на сеќавање на жртвите убиени во одбрана на својата татковина. Свесни дека ниту една цел не е толку возвишена да ги оправда нечесните средства ќе чекаме трпеливо и ќе се надеваме дека еден ден оние кои го направија овој злочин правдата ќе ги стигне, бидејќи правдата понекогаш спие, ама никогаш не умира. Не отидоа сами во смрт, туку државата ги испрати, таа побара, а тие го дадоа своето највредно-својот живот - порача во обраќањето Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Иако, секоја година на местото на настанот се поставува спомен-плочата тој упорно се уништува или исчезнува. И сега, бранителите се надеваат дека плочата ќе остане цела, но прашање е до кога ќе останат спомен плочите на местото на громорозното убиство?
Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?