02 Мај, 2024
0.0251

„Споменик на Дијазепамот” никна во центарот на Скопје

Објавено во: Стил 09 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Од пладнево во центарот на Скопје беше поставен „Споменик на Дијазeпамот“, а инспирацијата доаѓа од алармантната потрошувачка на таблетата.

Споменикот е во облик на таблета со натпис дијазепам и е поставен на почетокот на булеварот Партизански одреди.

Под него стои натпис во кој се вели дека според податоците на Фондот за здравстево осигурување во текот на минатата бројот на издадени рецепти за овој седатив го надминал бројот од 2 милиони рецепти (пакувања) а најмалку 500 000 пакувања се купени приватно само со рецепт од матичен лекар.