19 Мај, 2024
0.0295

Според Зоран Митроски, фабриката „Тила“ изгорела поради нестручно поставени соларни панели

Објавено во: Македонија 29 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Зоран Митрески, бизнисменот кој важи за гуру во Македонија кога е во прашање на поставувањето на соларни панели за производство на електрична енергија, на Фејсбук напиша дека во „Десперадото за изведба на фотонапонски системи“ се случуваат фатални последици, и токму поради нестручност и брзање изгоре и фабриката за детска облека „Тила“.

Откако пожар пеплоса речиси се во фабриката за детска облека „Тила“, на нивниот официјален Фејсбук профил објавија дека сѐ уште го чекаат вештакот да дојде и да направи увид. 

По завршувањето на пожарот, оттаму објавија и што остана откако буквално уништи сѐ.

„Мирисот на парите има посебна примамлива арома и како изгледа се нема пардон во тоа кој ита по нив и со што заслужува да ги добие? Под дејство на ценовниот шок оваа дејност постана како бизнис број еден во светот, па и ние се обидуваме да го следиме трендот со сите сили што ги имаме на располагање.

Претходните години се алармираше дека се потребни квалификувани монтери кои ќе знаат и умеат успешно и квалитетно да ги имплементираат ваквите системи во секоја возможна ситуација. За жал, институциите потполно потфрлија во припремањето на таквиот стручен кадар.

Инсталирањето на фотонапонски системи не е редење на лего коцки, како некои со леснотија умеат да го кажат, туку многу комплексна ситуација со неопходност од одлично познавање на техничките карактеристики на инвертерите, панелите, каблите како и целата заштитна опрема.

До само пред 2 години во Македонија постоеја максимум десетина фирми кои беа вредни да се носат со светските регулации за изведба со соодветните сертификати за монтери на ваквите системи.

Ценовниот шок и мирисот на парите си го направи своето!

Преку ноќ се формираа стотици нови фирми кои биле калфи на тогашните мајстори, калфи на калфите и нивна трета хипер-креирана генерација на калфи.

За да се совлада оваа технологија потребни се неколку години сериозна работа на темата, ама ете постанавме земја на YOUTUBE стручњаци кои со својата ароганција од незнаење потфрлуваат во квалитетната изведба на овие системи, заштита по живот на луѓето кои се во тие објекти а да не спомнувам за технологијата и репроматеријалите кои при ваква ситуација од макотрпен 20 годишен бизнис постануваат само пеплосан безвреден материјал“, напиша Митрески.
Од „Тила“ вчера објавија дека по една недела од пожарот, конечно земени се примероци од фотоволтаиците за да се утврди причината за пожарот.
„Како се случи пожарот?! Она што ние го видовме со свои очи и она за кое сведочат нашите соседи е дека пожарот избил на покривот на фотоволтаичните панели кои тие произведуваат струја, а она што ние не го знаеме е како избил пожарот и што го предизвикало тоа. Одговор на ова прашање очекуваме сите ние од надлежните институции кои вчера после 6 дена од денот на пожарот зедоа примероци од инверторите од фотоволтаиците со цел да ја утврдат причината за избивањето на пожарот“, беше објавено на нивниот профил

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“