СПРЕМАЈТЕ СЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД, ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Се слави Рамазан Бајрам
Објавено во: Македонија 19 Април, 2023
Министерството за труд и
социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 21
Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е
неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
-Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам, стои во соопштението на ресорното министерство.
ФОТО: Unsplash/Pavol Svantner