29 Април, 2024
0.0296

СРАМЕЖЛИВО ПОЧНА РАСТОТ НА БАНКАРСКИТЕ КАМАТИ, ЗАСЕГА САМО НА ДЕПОЗИТИТЕ - МБА вели: Секоја банка сама ќе си ја донесе одлуката

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Почна процесот на зголемување на банкарските камати, иако срамежливо, и иако засега тоа е случај само во делот на каматните стапки на депозитите.

Сепак, досега само две банки најавија зголемување на каматните стапки на штедните влогови. Другите банки во моментов не се изјаснуваат, а тоа не сака да го стори и Македонската банкарска асоцијација, иако не негираат дека ќе ги следат сигналите од монетарната власт.

Кога и дали ќе поскапат и кредитите, односно дали ќе се зголемат и нивните каматни стапки, засега не се знае, иако е факт дека и тоа ќе мора да се случи, бидејќи ако растат каматите на депозите, тоа неминовно ќе повлече и зголемување на оние на заемите, а во спротивно ќе настрадаат банкарските профити.

Инаку, ова следува откако Народна банка на Македонија неодамна трет пат по ред во кус период ја зголеми основната камата, која е репер и за банкарските камати, доведувајќи ја до ниво од два проценти, од првичните 1,25 отсто. Ова централната банка го стори поради зголемената инфлација, која мора да се заузда со монетарно затегнување, бидејќи веќе достигна двоцифрени бројки.

Дури, во своето соопштение со кое ја извести јавноста за зголемувањето на основната камата, НБМ потсети дека очекува овој потег да го следат и деловните банки, и да ги зголемат каматните стапки на штедењето во денари.

Фактор го праша банкарскиот еснаф, односно Македонската банкарска асоцијација, кога банките во земјата кои таму членуваат ќе почнат да ги зголемуваат каматните стапки.

Оттаму велат дека немаат информации за поединечните банки, како и дека е спротивнио на пазарните принципи банките да се договараат за зголемување на каматите, туку дека банките ќе се раководат од своите деловни политики, но и ќе ги следат сигналите од централната банка. 

А, она што им е многу битно е и како ќе постапи конкуренцијата.

„Банките членки на МБА редовно ги следат сигналите на НБРСМ и во рамките на своите планови и интерни политики соодветно реагираат на сигналите на Народната банка.

Македонската банкарска асоцијација нема информации за индивидуалните планови на поединечните банки. Пазарното работење, како што впрочем и работат македонските банки, не подразбира меѓусебно договарање за промени на каматните стапки, и тоа не е практика на банките во Македонија. Секоја банка зависно од своите активности, но следејќи ги сигналите на НБРСМ, како и активностите на конкуренцијата, презема активности за промени на цените на своите производи, односно каматните стапки. Поради тоа не можеме да дадеме посебен коментар за секое од поставените прашања бидејќи не располагаме со такви податоци“, се вели во одговорот од Македонската банкарска асоцијација.

Вчера една банка од големата банкарска петорка, Халк банка, соопшти дека ги зголемила пасивните каматни стапки за депозити на физички лица.

„Се коригираа каматните стапки кај Генералното штедење, за рок на штедење од шест до 36 месеци и истите се зголемија до 0,3 процентни поени. Односно, ако за орочување од 36 месеци досега каматната стапка изнесуваше 1,20 отсто, сега таа е 1,50 отсто“, се вели во соопштението од Халк банка. Следствено на ова, додаваат, се зголемија и каматните стапки кај производите Отворен депозит, кој е со рок на орочување од 12 месеци и кај Детското штедење во сите рочности.

Претходно, пак, уште на 17 мај, УНИБанка соопшти дека ги зголемиле каматните стапки на депозитите на физички и правни лица во валута денари и евра, дури до 0,4 процентни поени.

„Со ревидирањето на каматните стапки на своите депозити УНИБанка го следи сигналот на НБРМ која ги зголеми истите на благајничките записи за 0,5 пп до мај, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања. Со зголемувањето веруваме дека банката обезбедува додадена вредност за клиентите на дол грок“, соопшти тогаш УНИБанка.

Фактор вчера ги прегледа веб страниците на другите домашни банки, и таму во делот на новости, известувања или соопштенија, засега не се информира за зголемување на каматните стапки.

А НБМ, токму кога ја зголеми по трет пат основната камата, нагласи дека очекува овие мерки, во услови на стабилност на девизниот курс на денарот, „да поттикнат промени во каматната политика на банките во насока на пораст на каматните стапки на штедењето во домашна валута и натамошен раст на депозитите кај банките во денари“.

Експертите кои беа консултирани за мерката на НБМ нагласија дека таа е оправдана и навремена, и дека очекуваат банките сега да ги зголемат каматите, но не само на депозитите, туку да поскапи и кредитирањето.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?