04 Мај, 2024
0.0241

СРБИЈА ИМА НАЈМНОГУ ЗЛАТО ВО РЕГИОНОТ, по неа следи Македонија

Објавено во: Финансии 11 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека Србија има најголеми резерви на злато меѓу земјите од регионот. Второто место на Балканот го зазема Македонија.

Резервите на Србија достигнуваат 38,1 тон златни прачки, што ја прави водечка земја во регионот по количината на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.

На второ место на Балканот е Македонија со 6,9 тони златни резерви, па следува Словенија со 3,2 тони, Босна и Херцеговина со три тони злато и Црна Гора со 1,09 тони. 

За Хрватска е наведено дека нема резерви во злато, бидејќи има продадено повеќе во 2001 година, пишува „Ало.рс“.

Србија денес има двојно повеќе злато од пред десет години, додека вредноста на девизните резерви на овој благороден метал во тој период е зголемена за повеќе од три пати. Според податоците на Народната банка на Србија, во нивните трезори се чуваат 38,1 тони злато, додека во 2012 година имало 15,3 тони.

Златото претставува многу важен дел од девизните резерви, бидејќи историски се карактеризира како „безбедно средство“, а неговата улога е особено очигледна во периоди на изразена неизвесност, каква што сме сведоци денес - во амбиент на геополитички тензии во Украина, енергетската криза и глобалниот раст на инфлацијата.

-  На крајот на јуни 2022 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.116,1 милион евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,3%) по што следуваат валутите и депозитите (14,5%) и монетарното злато (12,3%) – се наведува во соопштението на Народна Банка на Македонија објавено на нивната веб страна.

Светскиот совет за злато објави анкета на централните банки, чии резултати покажуваат дека финансиските институции продолжуваат позитивно да го гледаат златото како резервна актива. Тие укажуваат дека уделот на испитаниците од централната банка кои имаат намера да ги зголемат своите златни резерви се зголемува секоја година. Втора година ниту една банка нема намера да ја намали количината на своето злато, а од друга страна дури 25 отсто од испитаниците велат дека планираат да ги зголемат резервите во злато, наспроти 21 отсто лани.

Централните банки се пооптимисти за златото како резервна актива во 2022 година, при што 61 процент од испитаниците изјавиле дека очекуваат глобалните златни резерви да се зголемат во следните 12 месеци.

Убедливо најголеми резерви на злато имаат САД, кои официјално моментално имаат 8.133 тони злато.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот