Добивај вести на Viber
Евентуалниот договор на српската влада со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би можел да даде сигурност во спроведување на економските политики за следната година, смета српскиот економист Јуриј Бајец.
-Доколку ММФ процени дека почетокот на годината е добар, дека некои ветувања се реализираат, мислам дека може да се потврди дека договорената економска политика е во ред“, рекол Бајец.
Тој оценил дека тоа би било добар знак за меѓународните кредитори и странските инвеститори.