14 Мај, 2024
0.0253

Србија ќе ја испитува високата смртност од корона кај лекарите

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Високата стапка на смртност на лекарите во Србија ќе се испита. 

Епидемиологот проф. Д-р Зоран Радовановиќ изјави денеска дека Кризниот штаб и Министерството за здравство мора да дадат одговор на прашањето зошто 70 лекари починале од последиците на коронавирусот од почетокот на пандемијата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Радовановиќ рече дека не е познат бројот на смртни случаи меѓу другите медицински работници, како и дека и тие податоците треба да бидат јавно објавени.

„Толку високата стапка на смртност во Србија мора да се испита“, изјави епидемиологот за агенцијата Бета. 

Во Словенија ниту еден лекар не починал од коронавирус, додека во Хрватска е забележан само еден смртен случај.  Радовановиќ оцени да има индикации дека лекарите не добиле соодветна заштитна опрема. Тој додаде дека лекарите, поради страв, не смеат јавно да ги потврдат овие сомневања, оценувајќи дека високата стапка на смртност на лекарите е многу загрижувачка и по тој повод чудно е однесувањето на одредени членови на Кризниот штаб. Епидемиологот изјави дека здружението „Обединети против Ковид “и Синдикатот на лекари и фармацевти во наредниот период ќе спроведат истрага за причините за високата смртност кај медицинскиот персонал во Србија.

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 11.068 лица од кои 2.218 се позитивни, додека 34 лица починале од последиците на вирусот. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни