СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2024
Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање во Србија поради масакрот кој се случи лани во училиште во Белград.
Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во српскиот главен град со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое загинаа девет ученици и еден работник од училишното обезбедување. Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека утре семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање. По овој масакр, имаше и друго масовно убиство во Младеновац.