27 Април, 2024
0.0271

Србија забрани увоз на македонски домати?!

Објавено во: Агробизнис 08 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во Србија се очекува да се официјализира одлуката на владата за ограничување на увозот на домати и вино од Македонија. Но, Србија денеска наводно не дозволила увоз на домати од Македонија, јави „Б92“.

Потпретседателот на владата на Србија Расим Љаиќ и минстерот за зeмјоделие Горан Кнежевиќ се согласиле за превземање на мерки по повод одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија.

„На Македонците треба да им покажеме заби“ изјавил секретарот на Здружението на земјоделските комори на Војводина, Џорџе Бугарин коментирајќи ја одлуката на македонската влада, пренесе „Нова ТВ“.

Бурните реакции во Србија се предизвикани од одлуката на Владата на Македонија за воведување мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, која ќе важи до 31 декември 2013 година.

Според одлуката, увозот на меркантилна пченица се поврзува со извршен откуп на пченица од род 2013 година од домашното производство, со право на увоз на 1 килограм на секои 3 килограми извршен откуп.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади