Србите „љубоморни“ на Скопје - Се прашуваат зошто Папата ја заобиколи нивната земја?
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2019
Откако го посети Скопје, во српските медиуми се поставува прашањето зошто папа Франциско не дошол и во Србија.
Додека Србската православна црква се подготвува за редовното заседание на Светиот архиерејски сабор, кој почнува во петокот во манастирот Жича, поглаварот на Католичката црква го посети нашето соседство, пишува Б92.
После Бугарија, вчера престојуваше и во Северна Македонија. Зошто папата се определил за Скопје, каква порака им пратил на христијаните на Балканот, поради што не е уште добредојден кај нас, дали е можно единството на католиците и православците, се само некои од прашањата кои биле упатени за Александар Нинковиќ, свештеникот на Белградската архиепископија и Драшко Ѓеновиќ, верски аналитичар кои биле гости во Утринската програма на ТВ Прва, се додава уште во текстот.