26 Април, 2024
0.0284

Србите осомничени за убиството на туристот префрлени од Закинтос

Објавено во: Балкан 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Петмина српски државјани, осомничени за претепување до смрт на американскиот турист Бакари Хендерсон на Закинтос на 6 јули, се префрлени во други затвори во Грција.

Тие во притвор ќе го чекаат почетокот на судењето.

Двајцата осомничени Д.Р. и М.С. од вчера утрото се во привремен притвор во Патарс откаде ќе бидат понатаму спроведени во два различни затвори, додека останатите претходно се однесени од Закинтос, рекла за танјуг Зора Добричанин Никодиновиќ.

Според нејзините зборови, тие и понатаму не добиле решение за одредување на притвор во писмено испраќање.

Тоа решение е неопходно за поднесување жалба во рок од пет дена, од денот на прием на решението.

На Д.Р. му е одреден привремен притвор, а на другите четворица српски државјани им е одреден притвор до почетокот на судењето, кој според грчкиот закон може да трае до 18 месеци.

Преостанатите двајца осомничени српски државјани се пуштени да се бранат од слобода.

На момчињата им се става на терет кривично дело сочуесништво во убиство извршено ноќта помеѓу 6 и 7 јули, кога во тепачката во клубот „Бар код“ во местото Лаганас, до смрт е претепан американскиот студент Бакари Хендерсон (23).

Истрагата која е во тек, треба да утврди поединечен степен на вина и вмешаност во ова дело на секој од осомничените посебно, што значи дека квалификацијата на дела во однос на секој од нив би можела да биде изменета до покренување на обвинението.

Како што е најавено, судењето за ова дело оние кои ќе бидат обвинети ќе се одвива во грчкиот град Патрас.

Како што пренесла адвокатката на обвинетите, клубот каде што се случи кобната тепачка, овие денови е речиси празен иако е отворен до раните утрински часови.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)