18 Мај, 2024
0.0308

Срце си што не возиш пијан

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Срце си што не возиш  пијан. Среќен празник. Вози одговорно! – е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го честита празникот на љубовта и виното, Св. Валентин и Св.Трифун

Празниците се денови кога треба да застанете за момент, да одморите и да  размислите за себе и за своите најблиски, да размислите за предизвиците, за можностите, за убавините кои ги носи животот.  Празниците се време да размислете  што Ви нуди љубовта, што е тоа што Ве прави среќни и задоволни, да размислите за тоа како треба да живеете, кои се вашите добри и лоши навики и како да продолжите понатаму во животот.

Согласно тоа, а по повод  празниците Св. Валентин или Св.Трифун,  РСБСП уште еднаш потсетува: Радувајте му се на животот, уживајте во сите убави работи што ги носи животот. Не дозволувајте сообраќајна незгода,  момент на невнимание и непромисленост,  лоша навика  или лоша одлука да ги уништи, скрати или промени сите ваши соништа и сите ваши очекувања за животот.

За жал, статистиката говори дека сообраќајните незгоди се секојдневна закана за животот и здравјето на младите лица. Во просек, 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 29 години, додека околу 30 проценти од вкупно настраданите лица во сообраќајни незгоди се млади лица на возраст до 29 години.

Сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност на младите лица на возраст  од 15 до 19 години. 

Статистичките податоци покажуваат дека на светско ниво, секоја година околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди или дневно се губат околу 1.100  млади животи на патиштата ширум светот.  Една од водечките причини за ваквата состојба е возењето под дејство на алкохол.

Св. Валентин или  Св.Трифун,  се  празници од кои сите, а особено  младите може да  извлечат убави пораки и убави  поуки како што е вербата во љубовта, вербата и почитта кон животот и кон сите убави нешта кои  ги носи животот со себе.

Согласно тоа, а по повод  празниците Св. Валентин или  Св.Трифун  РСБСП ги повикува  младите да си го честитаат празникот на виното и љубовта со емотивни и едукативни пораки  и совети : 

Срце си што не возиш пијан. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што возиш безбедно. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што ги почитуваш сообраќајните правила. Среќен празник. Вози одговорно!

Срце си што ги почитуваш сите учесници во сообраќајот. Среќен празник. Вози одговорно!

Срци си што  користиш сигурносен појас! Среќен празник!

РСБСП:  Среќен, Св. Валентин или  Св.Трифун ! Вози одговорно!


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата