19 Мај, 2024
0.0309

Среќата зависи од овие 5 прашања: Ако на сите одговорите со „НЕ”, треба да се замислите

Објавено во: Стил 12 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Имате тежок период и се прашувате каде сте згрешиле? Овие неколку прашања треба да ви помогнат да најдете каде е проблемот во вашиот живот и што треба да промените.

  1. Дали ги признавате вашите стравови?

Имате ли храброст да признаете пред себе и  останатите од што се плашите во животот? Штом побрзо се соочите дека се плашите од неуспех на пример, толку побргу ќе станите свесни што ве мачи и ќе можите да го решите проблемот.

  1. Дали сте спремни за големи промени?

Животот носи секакви промени и животни крстосници. Промените обично се тешки, било да е во прашање работно место, брачен статус, живеалиште и слично. Ако не сте среќни во вашето опкружување бидете храбри и направете промени во вашиот живот.

  1. Се ставате ли себе си на прво место?

Тоа што се грижите за себе си и вашиот живот не ве прави себични. Кога премногу се грижите себе си и се запоставувате себе си, голема е шансата да донесувате одлуки кои не ве прават среќни.

     4. Дали инвестирате во себе си?

Дали работите на себе си? Дали инвеститате во вас во физичка, емотивна и финансиска смила. Често забораваме да водиме сметка за нас и нашето здравје? Преокупирани сме со проблемите и тоа често носи негативни мисли стрес. Најдете нешто што ве опушта и ве исполнува и ќе бидете посреќни.

    5.  Дали  имате храброст да побарате помош?

 Многу луѓе се затворени во себе си и не ги откриваат своите проблеми пред други. Ова потискање на емоциите во себе си носи лошо расположение и депресија.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“