03 Мај, 2024
0.0279

Среќен понеделник, нема екстерно! Се активира Наставничкиот пленум, бараат нови ефективни реформи

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Нема екстерно тестирање- оваа информација беше најкоментирана минатата недела откако министерката за образование и наука Рената Десковска најави, а потоа и Собранието преку законски измени го укина екстерното и тоа практично замина во историјата. Но какви последици зад себе остави најкритикуваната реформа?

Од Наставничкиот пленум велат дека допрва ќе се согледуваат последиците, но она што сега може да се искористи како искуство е дека не треба набрзина и без претходни анализи и  сондажи  да се прават образовни реформи, а уште помалку без консултација со најзасегнатите. Пленумот велат повторно се активира како хоризонтална иницијатива во која се вклучени стотици наставници и професори кои знаат и сакаат да придонесат кон подобар квалитет и знаење во образовниот процес.

Екстерното тестирање  велат би можело да се користи како статистичка алатка која ќе допринесе за подобрување на одредени аномалии кои би се појавиле, но секако не секоја година и не на овој начин.

“Со ваков вид тестирање може да се провери, дали нешто треба да се преземе во изучувањето и наставните програми по одреден предмет (доколку се појават послаби резултати), дали треба да се промени нешто во некое училиште или општина каде резултатите би отскокнувале споредбено со другите училишта или општини”- велат професорите Бијана Димковска и Гордана Лазоска од Наставничкиот пленум.

Eкстерното тестирање досега според нив се сведуваше само на заплашување на наставниците и учениците и држење под партиска контрола. Оваа пракса, потенцираат оттаму мора да престане.

“Можеби првичната идеја за екстерното тестирање била да се воведе реформа која ќе го подобри квалитетот на образованието, но ова што денес се случува е реформа во негативна смисла.Ние како НП остануваме да делуваме во насока на департизација на вработените во образованието. Секој може да биде симпатизер или член на некоја партија, но секој што се вклучува во НП, мора има искрени намери само во однос за подобрување на квалитетот на образовниот процес во Р:М. а партиските работи да си ги остави за на друго место”- вели професорот Илче Ацевски.

Според Пленумот итно треба да се направат добри и сеопфатни анализи за сите  реформи. Иако екстерното тестирање беше укинато остануваат уште неколку набрзина спроведени реформи кои директно влијаат на работата и кавлитетот кој се продуцира од училиштата, како Кембриџ програмата, Академијата за наставници, ИКТ системот. Оттука очекуваат прво  да се обезбедат подобри услови, да се мотивираат наставниците, а со тоа и учениците, па потоа да се мисли на механизмите за контрола на реалните состојби.

“На пример во врска со користење на ИКТ, најпрво треба да се обезбеди најдобар можен интернет до сите училишта, да се обезбедат такви можности и обуки за ИКТ настава што самите наставници ќе уживаат да одржат соодветен број на часови во кои ќе применат ИКТ, а не тоа да им се наметнува од Министерството за Образование и Наука. Кембриџ проектот треба дополнително да се анализира, а Академијата сосема да се отфрли. На пример се поставува прашањето што доби, ашто изгуби образовниот систем сиве овие години?

“Што изгуби? Изгуби многу, затоа што кај голем дел од колегите наставниот процес се врти околу екстерните прашања, наместо кон припремање на учениците за современиот свет кој ги чека по излегувањето од ученичките клупи. Значи има големи последици по развојот на креативноста, логиката, донесувањето на одлуки и други квалитети кои треба да се на прво место при развојот на личноста на ученикот.
Што доби? Базенот на прашања кои се направени (голем дел со нерегуларности) и за кој се фрлени многу пари, би можел да стане достапен на наставниците од цела држава, па тие прашања би можел секој да ги прилагодува и употребува и да послужат како еден мал дел при оценувањето на учениците, затоа што оценувањето е многу посложен процес од одговарање на бинго прашања. Со реформите во образованието, изминатите десет години се воведоа многу механизми за контрола и за држење во тесно на наставниот кадар (еден вид модерен МОБИНГ), почнувајќи со екстерното тестирање, воведувањето на академијата за наставници, задолжетилните ИКТ часови кои мора да ги предвиди секој од наставниците (а услови за ИКТ настава, скоро никакви), Кембриџ проектот”- објаснуваат од Наставничкиот пленум.

Искуствата на други земји во делот на едукација и оценување покажуваат дека екстерните проверки се дел од некои образовни системи. Ваквиот модел на проверка се користи како еден од начините да се добие јасна слика за степенот на исполнување на стандардите во образованието. Овие проверки ги спроведува државата (преку надлежни министерства или испитни центри) или се дел од меѓународни проекти (PISA,TIMSS,PIRLS) и тие се показател на некои знаења (објективно мерливите) на учениците од одредени научни дисциплини. Резултатите од екстерните проверки служат за пронаоѓање на слабостите во еден воспитно образовен систем, изнаоѓање нови, поефикасни образовни модели и креирање политики кои ќе водат кон подобрување на квалитетот на образованието во делот на наставните планови и програми или пак најчесто во промена на методологијата на работа во наставниот процес.

“Во Финска нема оценки, нема класови по 34 ученици, на наставниците им е дадена потполна слобода во работата со учениците, а сепак според многу извештаи тие имаат најдобро образование. Во Австрија има воведено електронска платформа за учење, во сите основни и средни училишта што многу допринесува учениците и наставниците да се во постојана комуникација, да разменуваат ресурси помеѓу себе, а таква реформа би можело да има и во нашата држава. Англискиот образовен систем е комбинација од input и output ориентација. Тоа подразбира посветување подеднакво внимание и на интерните проверки и следење на постигањата на учениците во текот на училишната година, но и национално спроведување на тестирање. Наставниците укажуваат дека националните тестирања не се доволни за целосно вреднување на постигнувањата на учениците. Честите проверки предизвикуваат стресни ситуации кај учениците. (Whitburn,2000,31, според Previšiċ,2007: 130). Стандардите се насочени кон она што ќе биде тестирано и предизвикуваат „учење за тест“ што сосема ја губи целта заради која постои екстерната проверка”- потенцираат професорите Димковска, Лазоска и Илчев.

Процесот на воспитување и образување на децата и младите  според нив започнува со тргнување на детето во градинка, па продолжува низ основното, средното и високото образование и завршува дури кога личноста ќе го заокружи своето иницијално образование. Во тој сложен процес на градење луѓе кои ќе имаат знаења, ќе поседуваат вештини за извршување на одредени задачи во општеството и кои ќе имаат вредносен систем и изградени ставови според кои ќе го градат личниот живот и ќе работат за општо добро, наставникот има клучна улога како пренесувач на знаењата, вештините, ставовите потребни за живот во 21ви век. Наставникот го преточува во дело сето она што е ставено на хартија како остварување на воспитно образовни цели и задачи во процесот на поучување, наставна програма, содржина,настава и учење,евалуација, следење, проверување,вреднување, оценување. Наставникот, исто така го имплементира сето она што го предвидуваат законите, кое пак се однесува или битно влијае врз воспитно образовниот процес. 

Токму затоа, мислењето и ставовите на наставниците се најмеродавни кога е во прашање преточувањето на законските решенија во наставната пракса. Професионалната, моралната и етичка одговорност на секој наставник велат од Наставничкиот пленуме да се спротивстави на секое законско решение кое му нанесува директна штета на ученикот, наставникот и родителот или на било кој начин ја отежнува или оневозможува реализацијата на наставниот процес. Затоа порачуваат дека секое законско решение може да биде целеисходно само ако во пракса се покаже како добар модел кој е прифатлив за сите учесници кои се засегнати од истиот и од кој ќе произлезат позитивни ефекти, а тоа се градење сестрани луѓе подготвени за живот во новиот милениум.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ