19 Мај, 2024
0.0335

СРПСКАТА ЛЕКАРКА МИЛЕНКОВИЌ ПРЕДУПРЕДУВА: На респиратор немаме постари пациенти, тоа се главно млади луѓе кои ја игнорирале короната

Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Воопшто нема постара популација на механичка вентилација. Има многу млади луѓ кои ги игнорирале симптомите на висока температура и тогаш, заради влошување на состојбата, завршија на респоратор.

Во третиот бран, најсериозните клинички слики се што пневмонијата се развива многу брзо и состојбата се влошува многу брзо. Кога пациентот доаѓа кај нас со пневмонија во доцна фаза, тој е сè поблизу до механичка вентилација. На респоратрор имаме многу помлади луѓе кои биле здрави пред короната, а кои сега имаат сериозни проблеми на дишните патишта. Наполнети се сите наши капацитети, имаме околу 300 пациенти и буквално чекаме некој да биде отпуштен за да можеме да примиме нови луѓе, вели во интервју за српски Курир анестезиологот д-р Марија Миленковиќ, координатор на ковид болницата Бежанијска коса, која инаку работи во Ургентниот центар во редовни околности.

На прашањето која е точната старосна структура на пациентите на респиратор, таа вели дека воопшто нема постара популација, претежно пациенти на возраст од 45 до 65 години. 

„Се разбира, има некои баш многу стари пациенти, но тие се претежно оние кои дошле таму од болницата, по некоја операција, каде им била откриена и короната. Но, има многу млади луѓе кои ги занемарувале своите симптоми со висока температура, а потоа завршија на механичка вентилација поради влошување, со висока оценка видена на скенерот. Кога пристигнуваат во доцната фаза на пневмонија, нема многу помош за нив. Тие секогаш бараат некаква механичка вентилација, неинвазивна или инвазивна. Во моментов, најмладиот пациент на нашиот респиратор има околу 40 години, а најстариот има 86 години“, нагласила доктор Миленковиќ.

И, како што вели таа, болерста се повеќе прогресира кон другите органи. 

Сè повеќе тоа е поврзано со проблеми со срцето, постојат различни форми на срцева слабост, на кои, по толку искуство, кардиолозите веќе се навикнати. Исто така, постојат проблеми поврзани со гастроинтестиналниот тракт, нервниот систем ... Кога имате дијареја, повраќање, главоболки, тоа се веќе симптоми од други органи, а дишењето е тешко од белите дробови“, објаснила оваа докторка.

Што се сличува кога пациентот е на респиратор?

„Респираторот е машина која помага, но таму мора да бидете под седативи. И тогаш полека започнува мултиорганска дисфункција, другите органи почнуваат да откажуваат. Бубрезите откажуваат, пациентот завршува на дијализа, и генерално, се намалува способноста на целиот организам да се бори и да реагира“, вели д-р. Миленковиќ.

Таа објаснила во интервјуто дека сега клиничките слики се потешки, но лекарите имаат многу искуство и многу брзо го препознаваат влошувањето и координираат сè на време. Односно, знаат што ги чека, и буквално се на чекор пред болеста, барем тоа е случај со Бежанијска коса. Освен во случаи кога пациентот задоцнил и не реагирал на време.

Дали ремдесивирот, кој неодамна беше вклучен во протоколот за третман на Србија, им помага на пациентите?

„Ремдесивир се покажа како многу добар. Се дава во првите денови од болеста ако има влошување на дишењето и затоа е многу важно пациентите да пријават на време. Тука е и фавирипирот, претходникот на ремдосивирот, кој се дава на секој што ќе се јави на време. Како и ремдисивир, тој е антивирусен лек и имаме добро искуство со него. И двете се користат под контрола на строги медицински индикации, и се даваат во раната фаза на болеста, до седмиот ден. И затоа повторувам дека е многу важно луѓето да пристигнат на време. Мислам дека сме болницата што даде најмногу ремодесивир. Повеќе од 200 пациенти добија фавипорир“, вели оваа лекарка. 

Таа објасниула и дека немаат пациенти кај кои вирусот се повратил, во болницата лежел само еден таков пациент, а сите други се нови случаи. 

Според д-р. Миленовиќ, короната покажала дека е многу важна о лекувањето улогата на лекарот, пациентите да се охрабрат. 

„Експертизата не е доведена во прашање, но близок и хуман однос кон пациентите е исто така важен“, објаснила оваа лекарка.

Извор и фото Курирс.рс

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија