05 Мај, 2024
0.0261

Српското брашно ќе го доведе во прашање откупот на домашното жито

Објавено во: Агробизнис 31 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Државата не треба да воведе никакви мерки кои би го ограничиле увозот на брашно и пченица, сметаат мелничарите. Ако такво нешто се планира, велат, треба да биде час поскоро.

- Моментно во земјава влегуваат огромни количини брашно од Србија поради што ќе бидеме соочени со големи залихи кои нема да се потрошат до Нова Година, а заради тоа ќе нема потреба да откупуваме домашна пченица, изјави денеска Николчо Георгиев од Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора и сопственик на „Мак Млин“.

Според него, од годинашната жетва се очекуваат повисоки приноси и подобар квалитет. За откупната цена се уште е рано да се зборува, но поради зголемените количини се очекува нејзино намалување.

- Цената ќе зависи пред се од цената во соседството и од количините што ќе бидат понудени. Наш став е дека треба да биде слободна зашто станува збор за пазарна економија, рече Георгеив, додавајќи дека преработувачите веќе ги доставиле до Владата своите предлози во врска со претстојната жетва.

Производителите, пак, излегоа со сопствените калкулации, ќе бараат минимум 15 до 16 денари за килограм.

- Поради зголемениот род кој според проценките ќе достигне 4 тони на хектар, можно е намалување на откупната цена на пченицата, но со оглед дека производните трошоци се зголемени, ќе се држиме до ланските 15 - 16 денари, изјави Сашко Радуловиќ, земјоделец од Скопско.

Георгиев и Радуловиќ присуствуваа на денешната манифестација по повод Денот на пченицата што ја организираше компанијата „Агроунија“ во скопската општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?