04 Мај, 2024
0.0250

СРЦЕВ УДАР: Како да дознаете дали сте во опасност?

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

 Срцевите удари се причината за голем број смртни случаи во светот. Главните виновници за срцев удар се високиот крвен притисок, висок холестерол и пушење.

Околу половина од срцевите удари се случуваат надвор од болница и раното откривање е клучен фактор во одредување на шансите за живот.

Еве ги главните симптоми на срцев удар

  1. Нелагодност во градите

Ова е најчестиот симптом на срцев удар и може да удри на различни начини. Некои чувствуваат притисок во градите, други горење и стискање. Ова најмногу може да го почувствувате кога сте физички активни или кога сте на одмор. Ако чувствувате болки во градите, најдобро е да се консултирате со доктор.

Сепак, важно е да се запамети дека може да има проблеми со срцето - дури и срцев удар - без болка во градите. Ова е особено често кај жените.

  1. Чувство на замор

Ако наеднаш чувствувате замор без никаква причина може да биде знак дека срцвиот удар е на пат. Ова може да го тестирате со едноставни физички активности, како качување по мал број скали. Ако се чувствувате исцрпени, можеби треба да разговарате со доктор.

3. Долготрајни симптоми на настинка

Постојаните симптомите на настинка, може да се знак на срцева слабост. Како срцето се бори да остане во чекор со количината на крв што е потребна за телото, крвта протекува назад во белите дробови. Обрнете внимание да слузот од кашлицата, дали е обоен бело и розово.

4. Отекување

Како срцето се бори да пумпа крв низ телото, вените почнуваат  да се дујат и тоа предизвикува подуеност. Главните точки на оток се нозете, стапалата и глуждовите поради нивната близина до срцето.

5. Вртоглавица

Како срцето се бори и циркулацијата на крвта е ограничена, мозокот може да не добива доволно кислород. Тогаш, пациентот може да чувствува вртоглавица. Ова е една од главните причини за загриженост и треба да побарате лекарска помош веднаш. Особено е важно да не се вози во болницата во овој случај.

6. Тешкотии во дишењето

Срцето и белите дробови хармонично го снабдуваат телото со крв и кислород. Ако срцето е слабо тогаш и белите дробови не добиваат доволно крв, па заостануваат со пренесувањето кислород, и доведува до тешкотии во дишењето. Ова би можело да биде закана од срцев удар.

Ако забележите било кој од горенаведените симптоми кај себе или за некој околу вас, побарајте медицинска помош што е можно поскоро.