29 Април, 2024
0.0275

Стар учител знае како: Симнува тежок камен од душа за цел живот!

Објавено во: Стил 11 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Често не сме ни свесни што си правиме сами на себе. Следната приказна ќе ви ги отвори очите и ќе ви го симне непотребниот терет од раменици.

„Го праша ученикот учителот: Така си мудар, секогаш добро расположен, никогаш не се лутиш ... Помогни ми и јас да станам таков.

Учителот се согласил и го замолил ученикот да донесе компир и една провидна кеса ... Кога на некој му се налутиш и ја сокриеш својата навреденост - рекол учителот - земи еден компир , па од едната негова страна напиши го своето име, а од друга името на човекот со кој си се скарал, а потоа стави го компирот во кесата.

И тоа е се? - запрашал ученикот изненаден.

Не - одговорил учителот - потребно е секогаш со себе да ја носиш таа кеса, и секој пат кога се почуствуваш навредено во неа да ставиш компир.

Ученикот се согласил. Поминало некое време. Кесата се полнела со компири и станала прилично тешка. Било многу незгодно цело време да ја носи со себе. Со тоа компирите кои се ставени први почнале да се скапуваат. Некои од нив дури ширеле непријатен мирис. Ученикот дошол кај учителот и рекол:

Невозможно е ова да го носам со себе. Прво , кесата е многу тешка, а друго компирот се расипа. Предложи ми нешто друго.

Но учителот одговорил: Тоа истото се случува и во твојата душа. Кога на некој му се налутиш, навредиш, во твојата душа се создава тежок камен иако ти тоа веднаш не го забележуваш. Потоа каменот станува се поголем. Постапките се претвараат во навики, навиките во карактер, кој раѓа пороци.

И на тој товар лесно би заборавиле да не е премногу тежок и често да го носиме со себе. Ти дадов можност да го забележуваш целиот тој процес од страна. Секој пат кога одлучиш да се навредиш или на некој да му нанесеш навреда размисли дали тој камен ти е потребен“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти