„STAR WARS” РУШИ РЕКОРДИ: Eве колку заработи филмот во еден ден
Објавено во: Свет, Стил 20 Декември, 2015
Премиерното прикажување на „Star Wars: The Force Awakens“ заработи повеќе од 250 милиони долари на глобално ниво, со што се постави и новиот светски рекорд.
Седмата епизода на Star Wars, во Северна Америка во еден ден заработи повеќе од 120 милиони долари, што го прави првиот филм со деветцифрена заработка во еден ден.
Star Wars заработи и околу 130 милиони долари во другите земји низ светот, истакнаа од Walt Disney.
Тоа е повеќе и од претходниот рекорд од 91.1 милион долари поставен од филмот „Harry Potter and the Deathly Hallows, Part 2“, од 2011 година.