28 Април, 2024
0.0256

Старите фармери ќе ги заменуваат со роботи

Објавено во: Стил 25 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Јапонците планираат во иднина наместо фармери да користат роботи за обработка на земја и производство на храна.

На оваа идеја дошле затоа што луѓето кои се занимаваат со обработка на земја се стари и во иднина се помалку луѓе ќе работат во оваа дејност. Старите фармери одат во пензија, а нема кој да ги замени. Просечната старост на фармерите во Јапонија е 67 години. Според податоци на ОН, во развиените земји фармерите се со просечна старост од 60 години. На роботите кои ќе ги заменат луѓето ќе им помагаат и трактори кои сами се движат.

Ќе бидат потрошени 36 милиони долари за промовирање на машини и ќе има 20 типови на роботи.

Тракторот кој сам се движи веќе се користи на полињата со компири. Аналитичарите велат дека модерната технологија можеби ќе биде „ветер во грб“ и ќе ги натера младите да размислуваат за работа во аграрниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти