30 Април, 2024
0.0260

Стартува целосно обесштетување на поплавените домаќинства

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ќе започне исплатата на обесштетувањето за граѓаните зафатени од поплавите од 6 август.

Ваква одлука денеска на седница донесе Владата. Владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев денеска информираше дека на граѓаните ќе им биде исплатена сума од 100% од проценетата штета. Исплатата ќе се реализира во неколку транши, а во првата се опфатени 947 предмети за кои се одвоени 118 милиони денари. Траншите почнуваат овој месец и наредниот. 

„Според апроксимативната вкупна бројка на предмети ова значи дека со првата исплата ќе бидат опфатени околу 25% од предметите. Граѓаните да бидат сигурни дека Владата ќе го реализира ветувањето дадено во август и ќе ги обесштети сите што беа зафатени од поплавите“ - вели портпаролот. 

Со целосната исплата на 100% обесштетување  се опфатени и 3.074 предмети кои добија авансно обесштетување од 30.000 денари.

Ѓорѓиев вели дека оние граѓани на кои им бил исплатен аванс истиот во износ од 30.000 денари ќе биде минусиран од 100% обесштетување, а оние кои не добиле аванс ќе бидат одеднаш 100% обесштетени според проценката.

Во првата транша има околу 100 предмети кои немаат добиено авансно обесштетување.





Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање