13 Мај, 2024
0.0263

Стартува викенд откупот на тутун

Објавено во: Агробизнис 01 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Oд денеска откупот на тутун ќе се реализира и за време на викендите, се со цел интензивирање на откупот на тутунот, а согласно разговорите кои во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одвиваа неделава  со сите компании кои вршат откуп на тутун и во согласност со Законот за тутун и тутунски производи. Ова беше барање од страна на тутунопроизводителите, кое преку Министерството за земјоделство е препорачано на откупувачите и е прифатено.   Од Тутунскиот комбинат Прилеп информираат дека ќе ја почитуваат препораката на Министерството и денеска на сите откупни пунктови ќе се реализира откуп на тутун, а темпото ќе продолжи и во наредните денови. И останатите компании прифатија да вршат откуп за време на викендите.   Со оваа мерка се очекува интензивирање и порано завршување на откупот на тутун.   МЗШВ информира дека и во наредните денови ќе ја следат состојбата со откупот, апелирајќи притоа до откупувачите за реална проценка на тутунот, согласно законските правила и утврдените мостри.  Досега се откупени околу 18 милиони килограми тутун.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?