26 Април, 2024
0.0272

Статистиката ќе ја обележи 2012 та како најлоша инвестициска година!

Објавено во: Економија 01 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Oд почетокот на годинава до септември во Македонија влегле 44,2 милиони евра странски директни инвестиции, објави Народната банка. Според податоците на НБРМ во последниот, трет квартал има одлив на инвестициите за сума од 28,3 милиони евра, во вториот квартал според официјални бројки во земјава влегле нешто помалку од еден милион евра странски директни инвестиции, а единстевно позитивен е првиот квартал односно почетокот на годината кога имало 71, 7 милиони евра.
Овој пад на странските директни инвестиии е сериозен аларм ако се земе во предвид дека минатата година во првите три квартали имало 231, 2 милиони евра додека годината завршила со вкупни странски инвестиции за сума од 336,7 милиони евра. Експертите сметаат дека позначајното одлевање на инвестициите се должи на тоа што странските компании ги одлеваат профитите од земјава, иако се очекуваше таквиот тренд да заврши со вториот квартал. Странците неодамна на конференција во Скопје се пожалија дека клучни пречки за повеќе инвестиции се тешката наплата на долговите, бавната администрација, лошата инфраструктура и несоодветното применување на законската регулатив. Сепак велат тие Македонија може да биде добро место за инвестирање бидејќи има ниски даноци. Претставувајќи ги инвестициските можности на Македонија, премиерот пред неколку дена во САД рече дека според извештајот за „Плаќањето даноци“ во 2013 година на реномираната „Прајсворхаус Куперс“, земјата е рангирана на 24. позиција на најпријателски настроени земји во однос на даночниот товар и даночниот третман на бизнисите. Исто така, рече премиерот Груевски, пред неколку дена „Форбс“ објави дека Република Македонија е второрангирана во Југоисточна Европа во однос на квалитетот на деловното окружување, по Словенија, но многу позиции пред Бугарија и Романија.

- И покрај кревкиот економски растеж на европскиот континент и генералниот пад на странските инвестиции, во последниве две години им посакавме добредојде на инвестициите на „Џонсон Контролс“ и „Кемет електроникс“, „Кромберт и Шуберт“ и „Дрекселмајер“, „Виндтек Интернешенел“, „Протек Групацијата“ и многу други компании. Во моментов, многу сериозен интерес за инвестирање изразија компании од САД, Кина, Индија и Катар, што за нас е силна потврда дека сме на вистинскиот пат, на патот на економскиот просперитет, нагласи Груевски.

Според него, овие успеси не се случајни, туку плод на длабоките и суштински реформи што ги спроведе Владата на Република Македонија во изминатите шест години.

Засега статистиката не е на страната на Владата, но останува да се види што можат да донесат последните три месеци од годинава, иако, според експертите поголемо придвижување нанапред ќе се смета за изненадување.

Ј.Ј.

     

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката