СТАВ НА ИНВЕСТИТОР: Цената на нафтата е реална
Објавено во: Економија, Корона Вирус 22 Април, 2020
Инвеститорот и милијардер, Маркс Ховард вели дека не е потребна паника поради падот на цената на нафтата.
Според него, цената е реална.
„Негативната цена на нафтата го одразува вишокот на понудата над побарувачката, плус трошокот за складирање. Цената на нафтата следните месеци, за кога се очекува и можно опоравување на земјите од коронавирусот, ќе достигне нормално ниво“, додава тој.
Повеќе земји членки на ОПЕК и други производители на нафта надвор од организацијата одржаа видео конференција за состојбата на пазарот со нафта.
Потврдија дека ќе го прилагодат производството на нафта според договорот постигнат на 12 април.
Тој предвидува намалување на производството од 9,7 милиони барели на ден од мај.
Цените на нафтата паѓаат неколку седмици поради ограничувањата за движење воведени во многу земји и парализата на економиите.
Најново е дека барел чини 10 долари.
Нафтените компании имаат огромни загуби.