27 Април, 2024
0.0259

Ставен клуч на врата на „Еко оранжерии“ која ќе плати и казна од 13.100 евра

Објавено во: Агробизнис 16 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Еко-оранжериите „Анска Река“ кои пласираа 34 тони корнишони со зголемена концентрација пестициди во Хрватска, треба да платат 13.100 евра глоба. Во исто време, компанијата доби и забрана за вршење дејност. Како што соопшти на денешната прес-конференција, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), Румен Стаменов, краставичките кои ги увезе „Подравка“, се уништени на депонија во Вараждин. - На македонскиот пазар нема од овие корнишони. Целото производство, од 26-ти и 28-ми минатиот месец, заврши во Хрватска, нагласи Стаменов. Тој смирува дека домашните потрошувачи треба да бидат сосема спокојни. Што се однесува пак до пратката грозје тешка 9.200 килограми со, исто така, вишок пестициди, што се продаде во Франција, таа потекнува од индивидуален производител, извозник е „Виви пром“ Богданци, а откупувач физичко лице. - Ова ќе се одрази врз македонскиот извоз. Европските земји ќе ги зајакнат мониторингот и контролите додека сосема не се уверат дека поминал секој можен ризик од внес на неисправни производи од Македонија, рече директорот на АХВ Дејан Рунтевски. Во двата случаја извозот е реализиран без претходно да се побараат какви било документи од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) или од ДИЗ поради што и не се направени анализи за исправност.    

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади