26 Април, 2024
0.0352

Ставрески: Ако опозицијата го закочи кредитот од Светска банка, Владата ќе земе пари од друго место

Објавено во: Финансии 13 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески,уште еднаш апелираше до опозицијата да не го кочи носењето на Буџетот, како и задолжувањето кај Светска банка, укажувајќи дека договорените заеми се со исклучително поволни услови и оти во спротивно Македонија ќе има штета од 84 милиони евра.

Според Вицепремиерот преговорите со Светска банка и одобрените финансии се договорани со цел да се поддржат реформите во Република Македонија и се дадени од СБ врз основа на анализи на сите економски преформанси на Македонија како и резултатите во минатото и проекциите за во иднината. Тој појасни дека првиот заем од 50 милиони американски долари е со камата од само 0,6 проценти, додека Вториот заем од СБ, којшто е практично од деловни банки, но со гаранција од СБ, ни ги даваат заради добрите перформанси и дисциплината и во делот на буџетската политика и фискалниот дефицит. „Вториот заем ќе го добиеме со камата пониска од четири проценти. Во вакви околности да се добие заем со таква камата и којшто овозможува да се финансираат сите потреби на државата вклучително и исплата на обврските настанати во време на владите на СДСМ, но ние како држава ги признаваме прифаќаме и ги сервисраме, навистина е политички неодговорно и штетно“, истакна вицепремиерот. Замислете, додаде тој, како изгледаше за една политичка партија да добие таков дециден одговор од меѓународна финансиска институција која професионално и стручно ви кажа дека долгот на РМ е умерен и оти здраво се водат финансиите и буџетската политика е рационална и разумна. Според Ставрески, ако опозицијата продолжи со опструирање на заемите во Парламентот тогаш ќе мора да се пристапи кон другата алтернатива, односно да се излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница или со доларска обврзница којашто сигурно носи камата која е два пати и повеќе повисока од просечната камата на средства, што ќе и донесе големе штета на Македонија од точно 84 милиони.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат