15 Мај, 2024
0.0399

СТЕ ПУКАЛЕ ОД ОГНЕНО ОРУЖЈЕ, Е СЕГА НЕМА ЛЕСНО ДА КУРТУЛИТЕ - МВР ќе анализира траги од пукање со најсовремен микроскоп набавен од УНДП

Објавено во: Македонија 30 Август, 2023

Добивај вести на Viber

При користење огнено оружје, во зависност од муницијата и оружјето, се формира облак од неколку илјади до десетици илјади микроскопски честички кои се распространуваат во радиус до три метри. Овие траги од пукањето може да останат од два до четири часа на рацете, од седум до 12 часа на косата и до 24 часа на облеката на лицето кое го користело оружјето. Токму честичките, често пати се клучен доказ за тоа дали одредено лице вршело испалување од огнено оружје. Прецизноста и квалитетот на нивната детекција и анализа зависи од опремата што се користи за оваа намена.

Министерството за внатрешни работи во хемиската лабораторија на Одделот за форензички испитувања инсталираше современ скенирачки електронски микроскоп за анализа на траги од испукување (GSR честички). Станува збор за првиот специјализиран десктоп уред во светот за автоматизирана анализа на честички од пукање, кој за потребите на МВР го обезбеди Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

„Овој уред има огромно значење за работењето на нашата форензика и очекуваме во голема мера да придонесе за полесно, побрзо и поефикасно расчистување на случаите предизвикани од употреба на огнено оружје. Воведувањето нови и модерни технологии е еден од основните постулати во работењето на МВР и токму затоа сметам дека ова е исклучително важна новина за нас како институција, но и за нашите вработени кои ќе стекнат корисни вештини и знаења за анализа на честички при пукање со огнено оружје“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Опремата, чија вредност изнесува над 10,5 милиони денари, е набавена во рамки на проектот „Подобрување на практиките за собирање податоци за мало и лесно оружје (МЛО) и истраги поврзани со МЛО“, кој го имплементира УНДП.


„УНДП веќе четиригодини посветено работи на зголемување на капацитетите на МВР за борба против злоупотребите на оружје, како една од најчестите причини за инциденти во државата. Донацијата на оваа опрема е само еден сегмент од нашата поддршка на министерството. Полицијата добива нова и ефикасна алатка во борбата против нелегалната употреба на мало и лесно оружје и се надевам дека тоа ќе придонесе за унапредување на безбедноста на граѓаните“, истакна Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП. 

Набавката на специјализираниот микроскоп е финансирана од владите на СР Германија, Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Холандија и Норвешка преку Мултипартнерскиот доверителен фонд на Обединетите нации за имплементација на Патоказот за контрола на мало и лесно оружје на Западен Балкан, кој е поддржан од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното