19 Мај, 2024
0.0267

СТЕЧАЈНИОТ УПРАВНИК ДУШКО ТОДЕВСКИ: тие што имале депозити не треба да ги пријавуваат, другите доверители побарувањата да ги пријават најдоцна до 7 септември

Објавено во: Финансии 26 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Се јави стечајниот управник на Еуростандард банка, Душко Тодевски. Еве за што тој ги извести клиентите на Еуростандард банка.

Се известуваат сите физички и правни лица, пишува тој, дека согласно Законот за банките, побарувањата по основ на депозит кои ги имаат од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, без оглед на износот, се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката и тие немаат обврска за нивно пријавување до стечајниот управник, согласно член 162  од Законот за банките.

Под побарување по основ на депозит се подразбираат: денарските и девизните депозити, сертификатите за депозит, парични средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизни приливи на физичките лица, како и паричните средства на жиро-сметка за правни лица.

При обесштетување на депозитите на физичките лица, поединечните депозити на едно лице се сметаат за единствен депозит. Согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот кои што се предмет на обесштетување како единствен депозит се намалува за износот на неговите обврски кон банката (пр. кредити, искористен лимит од картичка, даден залог на депозит, провизии, и сл.).

Истовремено, се известуваат сите физички и правни лица кои имаат побарувања од Банката, кои што не се по основ на депозит, дека истите треба да ги пријават како побарувања од стечајната маса, по писмен пат до стечајниот управник, согласно објавата во Службен весник бр. 203/2020, односно до 7-ми септември.

Вакви побарувања се: побарувања по основ на извршени усуги или доставени производи до банката, платени аванси по различни основи, фактури, повеќе платени надоместоци за услуги кои не се искористени или се користени помал период од оној наведен во договорот (пр. платен надоместок за користење сеф во текот на една година, а сефот се користел пократок период и други побарувања кои произлегуваат од облигационо правен однос со Банката ).

За да ги пријават побарувањата, потребно е најдоцна до датумот определен во објавата, да се достави писмена пријава по пошта до стечајниот управник на следната адреса : ул. Владимир Комаров бр. 40/8, Скопје , објавена во огласот. Кон пријавата потребно е да се достават писмени докази за побарувањето.

Во пријавата, доверителите се должни да наведат:

1) назив, седиште, единствен матичен број и единствен даночен број на правните лица, име и презиме, адреса и единствен матичен број за физичките лица;

2) назив на носителот на платен промет кај кој доверителот има сметка и број на сметката;

3) правниот основ на побарувањето;

4) износ на побарувањето и тоа посебно износ на главното побарување со пресметана камата до денот на отворање на стечајната постапка и

5) одредено барање на доверителот согласно со одредбите од Законот за парнична постапка за содржина на тужба.

Во однос на начинот на измирување на обврските  кои физичките и правните лица  ги имааат спрема Банката по било кој основ, клиентите во наредниот период ќе бидат контактирани од овластено лице од Банката. 

Во врска со примопредавањето на предметите / стварите коишто се во граѓанските сефови на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, клиентите ќе бидат контактирани во текот на следните дваесет дена од овластено лице од Банката, за терминот кога имателот на сеф ќе биде потребно да дојде во просториите на Банката за отворање на сефот и подигнување на предметите. Притоа, имателот на сеф ќе биде потребно да дојде лично, да се идендификува со важечки документ за лична идентификација и клуч од сефот. Сефот не може да се отвори без присуство на клиентот кој го користел.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат