29 Април, 2024
0.0286

Стефан Богоев го објави анкетниот лист: Еве што поседува новиот директор на Царинската управа

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, кој од јуни стана в.д. директор на Царинската управа, го пријави својот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција, каде што се пријавени само личниот и имотот на неговиот брачен другар.

Минатата година беше објавена информација дека мајката на поранешниот градоначалник на Карпош и пратеник во Собранието поседува атрактивна градежна парцела во близина на Беровското езеро на која е предвидено да се гради хотел. Се работело за две катастарски парцели со вкупна површина од 7.578 квадратни метри купени во 2021 за шест и пол евра по квадрат, според пласираните медиумски информации. Розита Богоева била една од основачите на „Гранд хотел ДОО Берово“, а самиот Стефан Богоев лани рече дека за да се изгради хотелот ќе биде потребно да се најде кредитор.

Новиот директор на „Царина“ во 2019, како што тогаш беше објавено, при вршење на корекции на анкетниот лист го избриша пријавениот имот на родителите со образложение дека ја променил адресата на личната карта и дека не живее повеќе со нив откако се оженил.

Во новиот анкетен лист Богоев пријавува заеднички стан од 64 метри квадратни во Скопје со проценета вредност од 4.674.000 денари, подигнат кредит во 2019 од 3.075.000 денари, како и едно BMW 320 x Drive кое го стекнал со наследство минатата година. На ново било купено во 2014, а сега би вредело 15.000 евра.

Во врска со овие информации побаравме објаснување од новиот директор на Царината, Богоев.

Тој вели дека возилото го наследил од неговиот починат татко, а истото се однесува и за земјиштето, кое неговата мајка го наследила од татко му. 

„Возилото што го немав претходно, а сега е пријавено во анкетниот лист, е бидејќи во меѓувреме го добив возилото преку оставинска постапка од починат родител. Тоа возило било 10 години на татко ми, и откако тој почина тоа премина кај мене, што значи дека е стекнато преку наследство. А земјиште за хотел не сум ни имал, туку тоа земјиште го поседува мојата мајка, која исто така го стекна врз основа на наследство од мојот починат татко“, изјави Богоев за Фактор.

Старите анкетни листови на Богоев како градоначалник и пратник ги нема повеќе во ДКСК. Од она што било објавувано низ медиумите, било забележано дека на својот последен анкетен лист кој го пријавил како градоначалник прибележал имот свој личен, и имот на семејството, кој се состоел од три стана во Скопје, два во Охрид и една куќа во Скопје. фамилијарниот имот вклучува и земјоделско земјиште во Скопје во вредност од 1,9 милиони.

Во најстариот анкетен лист биле запишани и хартии од вредност од 64.500 евра како семеен имот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“