Стекнете ги овие вештини и ќе бидете незаменливи
Објавено во: Финансии 17 Февруари, 2017
Страшно е, но и вистинито дека секој ден некој може без најави и некоја посебна причина да остане без работа.
Што можете да направите сепак ова да не ви се случи вам?
Слично е и ако самите се вработите. Во 2015 година владата во Велика Британија направила истражување според кое нови работни места има, но вработувањето трае предолго.
Се покажало дека луѓето кои имаат диплома, и знаења, немаат соодветни вештини да ги извршуваат своите задачи.
Во такви услови, компаниите морале уште да вложуваат додека не добијат кандидат каков што им одговара.
Факт е дека компаниите би вработиле кандидат кој нема соодветна диплома, но има вештини со кои ќе се снајде.
За да не се доведете во ситуација да останете без работа, треба да знаете да управувате со времето. Истражувањата покажуваат дека 47% од вработените не знаат да се организираат.
Треба да изградите однос со клиентите и тие да се враќаат повторно кај вас. Ако ја поседувате оваа вештина, вие ќе се издвоите од другите.
Добар работник е оној со кој лесно се соработува. Тимски играч е оној кој најлесно станува водач на проектот.
На работа нема место за емотивни испади, но сепак тоа е често.
Добро е ако знаете да убедите некого да направи нешто.
Други вештини се да знаете како да продадете нешто, да бидете сигурни при јавен настап и да си поставите цели.