17 Мај, 2024
0.0359

Стигаат првите пријави до инспекторатот за неисплатен К15: Најмногу до сега од Скопје и Штип

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Последниот рок за исплата на Регрес за годишен одмор (К15) за 2020 година заврши со последниот ден од минатата година, а до почетокот на оваа недела до Државниот иснпекторат за труд пристигнале 135 пријави од неисплатени или само делумно исплатени работници. Од таму велат дека ова е почеток и дека очекуваат жалбите да се зголемуваат во текот на овој месец. До сега, за неисплатен К15 од 2019 се изречени 123 мерки за работодавачите, додека за 2020 допрва ќе се работи.

- Државниот инспекторат за труд по завршувањето на законскиот рок за исплата,  на 04.01.2021 година, започна со спроведување на инспекциски надзори кај работодавачите за кои има пристигнато пријави, како на веб страната на ДИТ, така и во Кол центарот и во архивата на инспекторатот. Во тек е прибирањето на податоците од извршените надзори од секој инспектор за оваа недела, и истите ќе бидат јавно објавени преку Соопштение од Државниот инспекторат за труд, ни одговори Јована Тренчевска, директорката на ДИТ.

Во текот на минатиот месец, односно од 01.12.2020 до 31.12.2020 година до инспекторатот има пристигнато вкупно 135 пријави по основ на неисплатен регрес или исплатен регрес во помал износ од предвидениот. 

- Од нив најмногу има во Скопје, 71, потоа следуваат Штип со 12, 8 за Кичево, 6 за Прилеп, по 5 за Охрид, Струга и Тетово, 4 за Кавадарци, по 3 за Битола, Куманово и Ресен, по 2 за Струмица и Гостивар и по 1 за Велес, Кочани, Росоман, Пробиштип, Радовиш и Делчево. Од вкупно 135 пријави дури 97 биле поднесени од анонимен подносител, а само 38 од познат подносител. Пријави преку веб страницата на ДИТ и Кол Центарот, пристигнуваат и во првите денови од 2021 година, дополнува Тренчевска.

Во текот на 2020 се обработувале прекршените прописи за неисплата на регресот за годишен одмор во 2019, а ДИТ изрекол 244 мерки, односно казни за работодавачите.

- Во  2020 година од Јануари до Ноември извршени се вкупно 17.524 надзори и донесени се 1839 решеније од кои 123 (22 опомени и 101 наредби) решение  се за чл.35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (исплата на регрес за годишен одмор - К15). Извршените надзори  во 2020 година  за почитувањето на член 35 од ОКД се однесуваат за исплата на регрес за годишен одмор за 2019 година., вели директорката.

Според планот на инспекторатот, во наредниот период приоритет ќе бидат надзорите по ова право на вработените граѓани.

- Државниот инспекторат за труд во наредниот период ќе постапува по сите добиени преставки за неисплата на регрес за годишен одмор (К15) за 2020 година. Приоритет  во јануари 2021 ќе се стави на инспекциските надзори по ова право на работниците и секаде каде ќе се утврдат неправилности ќе бидат изречени соодветни мерки за работодавачите, најавува 

Според „Гласен текстилец“, работниците се охрабрија да ги пријавуваат газдите за неисплата или за формална исплата на регресот за годишен одмор. Покрај пријавите на работниците до подрачните одделенија на Државниот трудов инспекторат, поплаки од работници имало и до граѓанското здружение.

Кристина Ампева од Гласен текстилец за штипската телевиија ТВ Стар изјави дека ако бројката на пријави од работниците до 6 јануари достигнал 66 пријави. Од таму сепак бараат да се ангажираат повеќе трудови инспектори, но и бараат законски измени. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија на последниот ден од минатата година објавија дека се пријавени повеќе од 100 газди кои не исплатиле во целост или исплатиле помалку К-15 на работниците за 2020 година.

Од таму предупредија дека ќе се бара одговорност и од надлежните инспектори и дека ќе ги објавуваат документите со кои располагаат ако, како што велат, не бидат санкционирани сите кои го прекршиле ова работничко право.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија