03 Мај, 2024
0.0237

Стив Џобс бил дете на сириски имигрант: Чудесна животна приказна на основачот на Епл!

Објавено во: Стил 08 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Абдулфатх Џандали, роден во 1931 година, одлучил да се пресели во САД во 1954 година, каде ја запознал Џоан Керол Шебел, германска католичка дев0јка со која почнал врска. Сепак, нејзините родители и ја забранувале врската со муслиманот па Џоан својот син, роден во 1955 година го дала на посвојување ... во семејството Џобс. Овие први реченици се дел од чудесната животна приказна на основачот на Епл Стив Џобс кој всушност бил дете на сириски мигрант.

Во интервју за магазинот Фортјун, Џандали ја споделил својата семејна приказна.

Роден е во Хомс во Сирија, како син на богат земјопоседник, и на 18 години ја напуштил Сирија за да го продолжи школувањето во Америка.

Додека студирал во Висконсин, се забавувал со Џоан Шебел.

tatko stiv dzobs

„Бев заљубен во Џоан, но нејзиниот татко беше тиранин и ни забврануваше да се венчаме бидејќи сум од Сирија. Тогаш рекола дека сака бебето да го даде на посвојување“, рекол Џандали.

Само неколку дена пред раѓањето на бебето, Џандали ја напуштил Џоан, никогаш не запознавајќи го својот син.

Момчето го посвоиле Клара Хагопиан и Пол Рејнхолд Џобс и му го дале името Стив, кој во 1976 година ја основал компанијата која и ден денес го носи големото име, ЕПЛ.

Неколку месеци после посвојувањето, Џандали повторно се појавил во животот на Џоан и се венчале, година дена после тоа добивајќи ја ќерката Мона.

Со Стив се запознав сосема случајно многу години подоцна, во ресторан кој го држел во Сакраменто. Тоа заврши со обично ракување, ниту едениот, ниту другиот не знаеја кој стои преку патот.

После некое време биолошката сестра Мона Симпсон подоцна му објаснила на Стив кој е Сириецот, сопственик на ресторанот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/TuTAHr2CHPo[/embed]