Столтенберг: НАТО ќе ја прими Грузија
Објавено во: Свет 04 Октомври, 2018
Потврдивме дека Грузија ќе стане членка на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенеберг во Брисел, каде се одржува дводневен состанок на министрите за одбрана на северноатлантската организација.
Тој посочи дека Пактот го признава територијалниот интегритет на Грузија и ја повикува Русија да ги повлече своите војници од сепаратистичките републики Абхазија и Јужна Осетија.
Според зборовите на генералниот секретар, безбедноста околу Црното Море е меѓу главните теми на средбата, бидејќи е "од стратешко значење" за Алијансата.
Во август рускиот претседател Владимир Путин го предупреди НАТО да не ја прима Грузија, бидејќи ќе следи "страшен конфликт".