Столтенберг: Русија се обидува да се меша во изборот на балканските земји
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2019
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Русија се обидела да интервенира во изборот на балканските земји во однос на НАТО.
"Русија се обиде да интервенира, Русија се обиде да влијае на политичките процеси што се случуваат во суверените нации и сметаат дека тоа е погрешно", изјавил Столтенберг за Еуроњус.
Изјавата беше дадена во Брисел на денот на потпишувањето на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
„НАТО почитува, ние ги почитуваме одлуките на независните суверени нации, ако тие сакаат или не сакаат да се приклучат на НАТО“ , истакна Столтенберг.
„"Гледаме дека во Скопје мнозинството во парламентот и повеќето од политичките партии сакаат да се приклучат кон НАТО и го поздравуваме тоа“ - коментира генералниот секретар на Алијансата.
„Но, во Србија, на пример, се категорични дека не сакаат да се приклучуваат кон НАТО и ние го почитуваме тоа“ - појасни тој, додавајќи дека Русија треба да ги почитува одлуките на суверените нации да бидат или да не бидат дел од Алијансата.
Јенс Столтенберг го коментираше и повлекувањето на Вашингтон и Москва од договорот за ракетите со мал и среден дострел:
„Ние не сакаме нова трка во вооружување и ќе се обидеме да ја убедиме Русија да се врати и да го почитува договорот.“
Тој потсети на шестмесечниот период пред конечното напуштање на договорот, во кој Москва може да одлучи да не излегува од него.
„Нашите реакции ќе бидат тешки, тие ќе бидат одбранбени и не само што ќе ги разгледаме воените последици, но и би можеле да преземеме нови иницијативи за контрола на оружјето. Но, треба да бидеме сигурни дека во свет без договор со ракетите со среден и мал дострел и со повеќе руски ракети НАТО е во состојба да обезбеди ефикасно одвраќање и заштита“ - посочил рече Столтенберг.