Столтенберг: Ве охрабруваме да продолжите со реформите
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018
Премиерот Зоран Заев денеска по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека oваа посета ја смета како клучна за вистинско охрабрување и поддршка дека 2018 година ќе биде историска за регионот, но и за НАТО и ЕУ.
„Време е да ги внесеме во завршница процесите во регионот за земјите кои сакаат да бидат дел од Алијансата“- рече Заев.
Заев кажа дека и во иднина Македонија ќе учествува во мировните операции на НАТО во светот. Премиерот рече дека граѓаните се определиле за демократија, човекови права, владеење на правото.
„Сериозно мнозинство од граѓаните на нашата земја сакаат членство во НАТО“- рече Заев.
Заев најави дека секоја година буџетот за одбраната ќе се зголеми.
Столтенберг денеска во Владата изјави дека прв пат е во Скопје и дека имале добра дискусија за иднината на земјата. Рече дека Македонија направила напори за да се стабилизира и дека има позитивни промени.
Ги охрабри властите да продолжат со реформите.
Toj вели дека клучни за влез во НАТО се реформите, но и решавање на името.