03 Мај, 2024
0.0244

СТОРИЈА: Како и зошто Бојан Мавков, студент на генерацијата, ја напушти Македонија?

Објавено во: Анализа 16 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Македонски интелект кој замина од земјава оти овде нема работа за него Бојан Мавков е од Скопје, има 25 години, а веќе втора година живее и работи во Гренобл, Франција, каде го подготвува својот докторат. Со просек 9,70 дипломира на ФЕИТ, Факултетот за Електротехника и Информациски технологии на насоката КСИА (Компјутерско Системско Инженерство и Автоматика). Веднаш по дипломирањето, се пријавил на огласот за работа во МЕПСО. Ме одбија, немаше образложение. Само ми ги вратија документите на кои само пишуваше кој е примен. Не знам, можеби сум немал искуство, скромно објаснува Мавков, во интервјуто за Фактор. Потоа, вели Мавков решив да се испробам и да аплицирам за магистерски студии во странство. Добив стипендии за да студирам на повеќе универзитети во Европа и се одлучив за стипендијата која ја нудеше Француската амбасада преку Францускиот институт во Скопје. За волја на вистината имав можност за стипендија и од македонската Влада за да продолжам со едуцирање во странство, ама со обврска да се вратам во државата и да се ставам на нивно располагање, додава Мавков, кој патем зборува англиски, а го усовршува и францускиот јазик. Сакав да го збогатам моето образование и да се стекнам со интернационално искуство Мавков: Во Франција сум веќе втора година. Минатата година пристигнав во Париз и веднаш потоа се преселив во Гренобл каде што ги завршив моите магистерски студии и од минатиот месец тука започнав да работам и на мојот докторат. Гренобл е алпскиот центар на Франција и преставува еден од најразвиените истражувачки центри во земјата. Гренобл  е единствениот град "кластер" во Франција  кој се развива да ги спои академијата, истражувањето и индустријата заедно. Токму поради ова Гренобл се нарекува силициумската долина на Франција и пружа одлични услови за живот на младите истражувачи и студенти. Во Македонија немав никаква конкретна понуда за работа, ниту во истражувачката дејност, ниту во индустријата. Додека аплицирав за мастер програмите во странство, паралелно и аплицирав на неколку места во Македонија за работа. Но навистина за да се започне со квалитетна инженерска кариера за млад инженер, истражувач е многу тешко кај нас со оглед на малата побарувачка на млади кадри и недоволно развиената истражувачка дејност. Паралелно со мојот докторат држам вежби за магистранти на интернационална мастер програма во универзитетите „Жосеф Фурие“ и „ИНП“ Гренобл Моите магистерски во Франција ги продолжив на истата област во која дипломирав во Македонија, во полето на системското инженерство и автоматското управување. Во Франција завршив истражувачки мастер кој ми даде можност да продолжам понатаму со докторат. Имав среќа да се најдам помеѓу врвни истражувачи во мојата област и добив понуда од професорите да продолжам со докторат на еден од најголемите истражувачки проекти во светот - проектот ИТЕР. Ова за мене преставува голема чест, но истовремено и голема обврска. Паралелно со мојот докторат држам вежби за магистранти на интернационална мастер програма во универзитетите „Жосеф Фурие“ и „ИНП“ Гренобл“, објаснува Мавков. Фактор:  На што се однесува вашиот магистерски труд, а што истражуваш за докторатот? Мавков: Мојот магистерски труд беше со наслов "Адаптивна оптика за конфокална микроскопија со оптимизација на молекуларната осветленост". Моја задача беше да развијам техника за идентификација на аберациите во нано-микроскопијата и истите да ги корегирам со помош на адаптивно огледало.  Најдобра паралела да се објасни овој феномен е споредбата со човековите очила. Улогата на адаптивното огледало во микроскопијата и кај телескопите е истата како и таа на очилата за корекција на аберациите во човековите очи. Со помош на методи за оптимизација се врши управување на актуаторите кои го менуваат обликот на огледалото за да се најде оптималната форма која ги корегира аберациите, што е слично на процесот на менување на диоптријата на очилата за да се корегира видот кај човекот. Мојот докторат пак е поврзан со големиот „ТОКАМАК“ проект наечен „ИТЕР“ кој се гради во југот на Франција. Овој проект е еден од најголемите во светот и преставува колаборација помеѓу ЕУ и шест останати партнери и неговиот трошок се проценува да изнесува над 13 милијарди евра. Досега сите нуклеарни реактори кои постојат во светот ја користат нуклеарната фисија за производство на енергија. Нуклеарна фусија е процес на спојување на две или повеќе полесни атомски јадра во еден потежок атом, а пак нуклеарна фисија е процес на раздвојување на атомот на повеќе полесни атоми. ТОКАМАК е идеја која датира од 50-тите години на минатиот век. Тогаш научнците од СССР  имале идеја да постигнат контролирана термонуклеарна фузија со употреба на ТОКАМАК-тородоидалната направа која со силни електромагнети овозможува создавање и контрола на плазмата во центарот на тороидот. Во плазмата се развива голема темература (над 100 милиони  ) при што може да се постигне контролирана нуклеарна фусија. Со други зборови, ТОКАМАК направите на земјата имаат цел да ги репродуцираат процесите кои се случуваат во сонцето. Досега има голем број на трудови кои се занимаваат со регулирање  на сигурносниот фактор во ТОКАМАК преку управување на магнетното поле. Истовремено се работи и на разбирање на проучување на динамиката на температурата и поврзаноста на температурата со магнетното поле. Задачата на мојот докторат е да развијам модел кој ги опфаќа темературата и магнетонто поле и нивното взаемнодејство и да се развие соодветно управување за овој модел. Доколку биде успешен проектот ИТЕР, тоа ќе преставува еден голем чекор кон коенчно добивање на контролирана термонуклеарна фусија, со што ќе се решат голем број од енергетските проблеми на светот. Нуклеарната фусија би требало да произведува многу поголема енергија од досега употребуваната фисија. Исто така, ова би преставувало еколошки начин на произведување на енергија бидејки за разлика од нукларната фисија, не се добиваат несакани продукти од процесот во вид на нуклеарен отпад или радиација. Овде има повеќе можности за мојата иднина „Сметам дека сеуште е рано да размислувам за моите идни планови бидејки сеуште се наоѓам на самиот почеток на мојата докторска работа и ми престојат уште три години работа на мојата теза. По докторирањето тука има повеќе можности во зависност од нашите планови, најчесто докторантите по одбраната на тезата продолжуваат со истражувачка дејност во индустријата или во универзитетите и лабораториите“, дополнува Мавков. Фактор: Имајќи ги во предвиид твоите квалификации (магистерски и докторски) што можеш да работиш во Македонија? Мавков: За жал, во Македонија мојот избор на работа е прилично ограничен. За разлика од развиените европски држави каде што има развиено истражување во технологијата и во индустријата, во Македонија истражувањето е најчесто концентрирано само во високообразовните институции кои се ограничени со средства и имаат недоволно развиена истражувачка дејност. Развојот на технологијата треба да е приоритет на било која држава која сака да просперира и да се развива во правилна насока Фактор:  Планираш ли да се вратиш во Македонија Мавков: Секако дека по одбраната на мојот докторат и таа опција не е исклучена. Секој би сакал да допринесе и да работи во својата татковина.  Но, како истражувач најбитно ми е да го изберам местото каде што ќе ми се пружат најдобри услови за развој на мојата кариера. Во моментот, условите за работа во Македонија во технологијата и развојот не се многу добри. Но, се надевам дека во иднина можеби условите ќе се подобрат и можеби ќе добијам шанса и да се вратам дома. Според мене, развојот на технологијата треба да е приоритет на било која држава која сака да просперира и да се развива во правилна насока. Фактор: Носталгичен ли сте за Македонија? Мавков: Секако дека сум носталгичен и ми недостасуваат мојата фамилија, пријателите, храната...Секогаш гледам да доаѓам дома доколку ми се пружи слободно време. И.М 

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад