17 Мај, 2024
0.0257

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Објавено во: Економија 02 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

На крајот на минатата година вкупно 468 изнесува бројот на домаќинства кои како производители-потрошувачли со своите инсталирани фотопанели и двонасочни броила ја искористиле можноста да го продаваат вишокот на произведената електрична енергија од своите покриви, главно на универзалниот снабдувач - во случајов ЕВН Хоме.

Оваа бројка за прв пат ја објавува Регулаторната комисија за енергетика, откако во текот на 2022 со измени на правилникот се овозможи секое домаќинство да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија. Потоа кон крајот на истата година со измените на Законот за градење се дозволи граѓаните да имаат свои фотонапонски панели до 6 киловати, а компаниите до 40 киловати. Доминантен купувач главно е ЕВН како универзален снабдувач.

За експертите оваа бројка не е доволна по повеќе од една година измината од овие измени. Велат дека има голем број на домаќинства кои се приклучени без евиденција, затоа што доволно им е да призведуваат само за себе, односно со тоа да покријат дел од трошоците и да си ги намат сметките за потрошувачка на електрична енергија.Често се случувало да инвестираат во лиценцирана фирма која ќе им ги постави фотопанелите, но цената на струјата која ја продавале во мрежата била дури и до четири пати пониска од онаа по која ја купуваат струјата. Продадената струја потоа им се компензира, односно им се одбива од сметките. Објаснувањето за тоа што го добивале е дека со таа електрична енергија треба да се балансира и плус се губела во мрежата.

„Во 2023 година, бројот на потрошувачите - производители (по број на мерни места) изнесува 918, од кои 450 се правни лица, додека 468 спаѓаат во групата на домаќинства, и нивниот вкупен инсталиран капацитет изнесува 14 мегавати. Вкупно предадената електрична енергија од страна на потрошувачите - производители во дистрибутивниот систем изнесува 6,5 гигаватчасови“,информира Регулаторната комисија за енергетика во својот најнов извештај.

Станува збор за компании и домаќинства кои имаат услови на своите имоти, односно објекти да инсталираат фотопанели примарно заради заштеда и помали сметки. Нивното производство од 6,5 гигаватчасови е далеку помалку од 2.173 гигаватчасови произведени од регуларните „комерцијални“ фотоцентрали, хидроцентрали, ветерни паркови и биогасни централи. 

Од РКЕ додаваат дека овие потрошувачи-производители со двонасочни броила дури и влијаеле на воведување на фамозниот „приклучок“ како нова ставка во сметките за електрична енергија.

„Зголеменото инвестирање во обновливите извори на енергија влијаеше и на потрошувачката на електрична енергија, односно се забележа зголемен тренд за обезбедување на потребните количини од електрична енергија од сопствени извори, а намалување на преземената електрична енергија од електродистрибутивниот систем. Ваквото намалување ги зголеми трошоците по единица дистрибуирана електрична енергија. Со цел да се превенира целокупниот трошок за одржување на дистрибутивната мрежа да падне на товар на потрошувачите кои немаат инсталирано фотонапонски панели за задоволување на дел од своите потреби за сметка на оние кои имаат, се направи измена во Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија на потрошувачите приклучени на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, со што се воведе фиксен надоместок за пристап до мрежа за сите корисници приклучени на електродистрибутивниот систем. Исто така, со воведувањето на овој надоместок се обезбеди правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат електродистрибутивната мрежа, од другите кои тоа го прават повремено“, додава РКЕ.

Во 2022 нагло се зголеми интересот кај граѓаните за менување на броилата и поставување на фотоволтаични системи на покривите на нивните домови за производство на електрична енергија за сопствени потреби или за продажба, а се подигнуваа и голем број на кредити за оваа намена.

Експертите велат дека бројката на домаќинства и компании, кои се бават со друга дејност, но заради заштеда се производители-потрошувачи, не е мала во споредба со една година претходно - 2022, кога вкупно имало само нешто над 100 вакви инсталации.

- Во 2023 доста е зголемена бројката во однос на претходните години, но треба да се знае дека таа не е според очекувањата и поради објективни причини. На пример, ЕВН Хоме во источниот дел од земјата има проблеми да даде нови одобрувања зошто нема слободен капацитет и трафостаниците се максимално искористени. Сепак капацитетот од 14 мегавати достигнат во 2023 не е мал. Тоа е како две нови огромни комерцијални фотоцентрали, велат експертите кои ги контактиравме.


А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА