16 Мај, 2024
0.0273

Странците навалија по луксузните имоти во Лондон

Објавено во: Анализа 07 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Продажбата на луксузни имоти на клучните меѓународни локации се зголемија во 2013 година, иако просечните цени остануваат релативно стабилни. Ова го покажува новиот извештај на Christie's International Real Estate и Strutt & Parker,пишува порталот  Property Wire. Документот разгледува три пазари со исклучителни нивоа на раст - Лондон, Мајами и Њујорк, од него станува јасно дека бројот на продадени луксузни имоти по цена над 1 милион долари се зголеми нагло минатата година, над нивоата од 2012 година. Општо земено просечните цени на продажба се изедначи, иако тендерските цени на некои имоти достигнаа рекордни нивоа. Купувачите се состојат од комбинација на локални жители, странските инвеститори и се поголем број млади милионери. Според авторите на извештајот зголемената побарувачка од страна на богати кандидат-купувачи кои бараат можност да инвестираат во имот, дава сила за нов станбен бум. Странските купувачи имаат сериозно присуство и на трите пазари на луксузн имот. Според податоците на Strutt & Parker во Лондон 40% од купувачите се странци - главно од Европа, Азија, Африка, Блискиот Исток и Русија. Во Мајами нивното учество е 35%, тие доаѓаат од Јужна Америка, Англија, Русија и Канада, додека Русите и Кинезите претставуваат 15% од купувачите на луксузни имоти во Њујорк. Богатите млади купувачи на возраст од 20 до над 30 години исто така имаат изненадувачко влијание врз луксузните имоти низ целиот свет . Зајакнувањето на технолошкиот сектор во последно време предизвикува силно зголемување на бројот на купувачи од оваа група , бараат можности за инвестиции. Експертите предвидуваат дека и на трите пазари растот ќе се одржи во 2014 година на позадината на ниското ниво на залихи и ќе го задржат имиџот на силни и сигурни пазари за инвестиции , како и одлични места за живеење. К.К.