Стразбур на 16 февруари ќе каже дали аболицијата на Ѓорѓе Иванов е важечка
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2023
На 16 февруари ќе биде објавена одлуката на Судот за човекови права во Стразбур за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Информацијата за Фокус ја потврди Даница Џонова, владин агент од бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Европскиот суд тогаш треба да даде одговор дали аболицијата важи или предметите на поранешно СЈО ќе преживеат и судењата кои се во тек, ќе продолжат без пречка.
Судот може да донесе одлука овие постапки да запрат и да се поништат повеќето предмети со што обвинетите и осудените ќе бидат прогласени за жртви, а државата ќе треба да им плати и обесштетување.
На списокот во судот во Стразбур се предметите во кои се засегнати поранешните функционери Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други.